Информатика
Информатика (или сметаштво) — наука која ги изучува теориските основи на информацијата и сметањето и нивната примена во сметачки системи (било да се апстрактни или не).[1]
Историја
уредиЗборот „информатика“ за првпат се спомнува во Германија во 1957 година од страна на Карл Штајнбух. Информатиката ја има за основа математиката, електрониката, физиката и некои инженерски науки.
Чарлс Бебиџ во 19 век измислил машина која земала податоци, ги обработувала, и на некој начин обработените податоци ги покажувала. Во тоа време тоа бил механички систем, додека денес сметачите се електронски.
Еден од најголемите теоретичари на модерната информатика е англискиот математичар Алан Тјуринг. За време на Втората светска војна работел на „Енигма“, машина која германската војска ја користела за шифрирање и дешифрирање на пораки. Тјуринг развил постапка со која сите пораки можеле да се дешифрираат. Во текот на тие истражувања настанала познатата Тјурингова машина.
Инфоматиката за основа ја има математиката, електрониката, физиката и некои инженерски науки. Настанала во 19 век а за еден од основачите се смета Чарлс Бебиџ, кој измислил машина која ги земала податоците, ги обработувала и на одреден начин ги прикажувала истите. Бебиџ секако го замислил тоа потполно механички, додека денес сметачите се електронски.
Денешните сметачи имаат сличност со машината на Бебиџ, а тоа во најголема мера се должи на примената на двоичен броен систем. Скоро секоја сметачка машина на денешницата го користи тој броен систем, којшто се состои само од единици и нули. Тоа е така затоа што на сметачот тоа му е наједноставно: 1 - има струја, 0 - нема струја. Системот кој има десет цифри (0-9) се вика декаден. Бебиџ ја имал идејата за користење на дупчени картички за својот сметач а тоа навистина и се користело за чување на податоците пред во употреба да почнат да се користат магнетните мемории.
Полиња на информатиката
уредиСпоред класификационата шема на (Здружението за сметачка машинерија), информатиката ги вклучува следните полиња:
- B Хардвер
- B.1 Контролни структури и Mикропрограмирање (D.3.2)
- B.2 Аритметика и Логички структури
- B.3 Мемориски структури
- B.4 Влез/излез и податочни комуникации
- B.5 Регистер-трансфер-ниво имплементација
- B.6 Логички дизајн
- B.7 Интегрирани кола
- B.8 Перформанси и робустност (ново) (C.4)
- C. Организација на сметачките системи
- C.1 обработувачка архитектура
- C.2 Сметачко-комуникациски мрежи
- C.3 Специјализирани системи (J.7)
- C.4 Перформанси на системи
- C.5 Имплементација на сметачки системи
- D. Софтвер
- D.1 Техники на програмирање (E)
- D.2 Софтверско инженерство (K.6.3)
- D.3 Програмски јазици
- D.4 Оперативни системи (C)
- E. Податоци
- E.1 Податочни структури
- E.2 Репрезентација на податочни структури
- E.3 Енкрипција на податоци
- E.4 Кодирање и Информациона теорија (H.1.1)
- E.5 Податотеки (D.4.3, F.2.2, H.2)
- F. Теорија на сметање
- F.1 Сметање од апстрактни уреди
- F.2 Анализа на комплексност на алгоритми и проблеми (B.6, B.7, F.1.3)
- F.3 Логика и смисла на програми
- F.4 Математичка логика и Формални јазици
- G. Математика на пресметување
- G.1 Бројчена анализа
- G.2 Дискретна математика
- G.3 Веројатност и Статистика
- G.4 Математички софтвер
- H. Информациски системи
- H.1 Модели и принципи
- H.2 Бази на податоци (E.5)
- H.3 Складирање и пристап до информации
- H.4 Примена на информациски системи
- H.5 Интерфејси и репрезентација на информации (e.g., HCI) (I.7)
- I. Сметачки методологии
- I.1 Симболички и алгебарски манипулации
- I.2 Вештачка интелигенција
- I.3 Сметачка графика
- I.4 Обработка на слики и Сметачки вид
- I.5 Препознавање на облици
- I.6 Симулација и моделирање (G.3)
- I.7 Обработка на документи и текстови (H.4, H.5)
- J. Употреба на сметачите
- J.1 Обработка на административни податоци
- J.2 Физички науки и инженерство
- J.3 Природни и медицински науки
- J.4 Социјални науки
- J.5 Уметност и литература
- J.6 Сметачки засновано инженерство
- J.7 Сметачи и други системи (C.3)
Наводи
уреди- ↑ „What is Computer Science? - Computer Science, The University of York“. www.cs.york.ac.uk. Посетено на 22 јануари 2021.
Надворешни врски
уреди„Информатика“ на Ризницата ? |
- Информатика Архивирано на 24 јануари 2016 г. — македонски портал на информатичарите (македонски)
- Класификациона шема AKM Архивирано на 8 јули 2008 г. (англиски)