Машинска опрема
физичките делови на еден сметачки систем
(Пренасочено од Хардвер)
Машинската опрема на сметачот или хардвер (од англиски: hardware) и нејзината поставеност зависи од намената на личниот сметач и од задачите кои треба да ги извршува. Машинската опрема всушност го претставува физичкиот дел од сметачкиот систем т.е., електричните и електронските делови (на пр. печатените кола), електромеханичките делови (на пр. дисковите) и механичките делови (на пр. кутијата, лежиштата), уредите за поврзување во мрежа итн.
Уредите (единиците) коишто можат да влезат во поставката на машинскиот дел можат да се поделат во следните групи:
- Централна единица
- Влезно-излезни единици
- Надворешни мемории
- Останати елементи - куќиштата во кои се сместени единиците, трансформатор (кој се наоѓа во куќиштето и кој го трансформира високиот напон на електричната мрежа во низок), изворите за напојување, разни кабли, специјални маси и подлоги итн.)
Надворешни врски
уреди- Македонска страница и форум за машинска опрема Архивирано на 27 мај 2010 г. (таму наречена „хардвер“ (македонски)
Оваа поврзана со сметачите статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |