Интерфаза
Интерфаза е процес на подготовка на телесните и половите клетки за делба. Процесот се состои од три потпериоди, а тоа се :
Особини
уредиПриближно 95% од клеточниот циклус и припаѓа на интерфазата. За време на интерфаза, хромозомите се декондензирани и распоредени низ јадрото, така што тоа изгледа морфолошки униформно. Меѓутоа, на молекуларно ниво, интерфазата е периодот во кој се одвиваат последователно клеточниот раст и репликацијата на ДНК, со што клетката се подготвува за делба.
Клетката расте со постојан степен во текот на интерфазата, при што повеќето клетки во делба се дуплираат во големина меѓу една митоза и друга. За споредба, ДНК се синтетизира само во еден дел од интерфазата. Времетраењето на синтезата на ДНК го дели циклусот на еукариотските клетки на четири дискретни фази. М фазата од циклусот соодветствува на митозата, по која најчесто следува цитокинезата. По оваа следува G1 фазата, која соодветствува со времето меѓу митозата и започнувањето на репликацијата на ДНК. За време на G1, клетката е метаболички активна и постојано расте, но не ја реплицира својата ДНК. По G1 следи S фазата (фаза на синтеза), во која се одвива репликација на ДНК. Крајот на синтезата на ДНК е пропратен G2 фаза, за време на која продолжува клеточниот раст и се синтетизираат белковини како подготовка за митоза.
Времетраењето на овие фази е различно кај различни видови клетки. За типична брзо пролиферирачка човечка клетка чиј циклус трае 24 часа, G1 фазата може да трае околу 11 часа, S околу 8 часа, G2 околу 4 часа и М околу 1 час. Меѓутоа, други типови на клетки може да се делат многу побрзо. Пупечките квасци, на пример, може да напредуваат низ сите четири степени на клеточниот циклус за само околу 90 минути. Дури и пократки клеточни циклуси (од 30 или помалку минути) се случуваат кај раните ембрионални клетки кратко по оплодувањето на јајце-клетката. Но, во овој случај клетката не расте. Наместо тоа, овие рани ембрионални клетки се делат брзо на помали клетки. Не постои G1 или G2 фаза, а репликацијата на ДНК се случува мошне брзо, која тогаш се состои од многу кратки Ѕ фази кои алтернираат со М фазите.
Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |