Институт за јавно здравје


Институт за јавно здравје е институција на Република Македонија која има фунција заштита и превентива на населението од болести. Институтот е важна мултидисциплинарна, научна и наставна установа, која дејствува во областа на превентивната медицина во Македонија со тендеција да прерасне во референтна и меѓународно стручно призната институција.

Институт за јавно здравје
Лого на бирото
Податоци за органот
Основан 1924¹
Надлежност Влада на РМ
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 179[1] (2016)
Раководител Д-р Шабан Мемети
(директор)
Матичен орган Министерство за здравство
Ограноци 10 заводи, 5 сектори со 26 одделенија
Мрежно место
iph.mk
Белешки
¹Како Хигиенски завод

Историја

уреди

Бил формиран како Завод за тропски болести во Скопје, на 10 јануари 1925. Потоа бил преименуван како Хигиенски завод, чија функција била заштита и унапредување на здравјето на луѓето. Бил основан под покровителство на д-р Андрија Штампар и со учество на Рокфелеровата фондација во Скопје. Оваа медицинска установа од превентивен карактер дејствувала во услови кога главно обележје на националната патологија во тој период биле заразните болести.

Во времето на Втората светска војна постоел под името Областен хигиенски институт во Скопје (1941-1945), а потоа под името Бактериолошко-хемиски институт. Од 1953 година функционирал како Централен хигиенски завод - Скопје, а од 1962 е преименуван во Републички завод за здравствена заштита.

Во 2010 е преименуван во Институт за јавно здравје на Република Македонија.

Дејност

уреди

Основната дејност на Институтот за јавно здравје на Република Македонија е грижата за здравствена превенција на населението преку следење, истражување и проучување на здравсвената состојба, причините за појава и ширење на заразните и незаразните болести од социјално-медицинско значење, влијанието на еколошките фактори и преземање мерки заради заштита и унапредување на здравјето на луѓето.

Дејноста на ИЈЗ дефинирана во Законот за здравствена заштита и другите законски акти се извршува преку собирање, обработка и анализа на податоци, организација и планирање на здравствената заштита, проучување и следење на хигиенските и други услови за заштита на воздухот, прехранбените производи, предметите за општа употреба, водата за пиење, отпадните води и цврстите отпадни материи, учество во превентивен санитарен надзор над градежни и други објекти, следење и спроведување на мерки за активна заштита на населението од заразни и други болести, проучување на исхраната и предлагање мерки за отстранување на последиците од несоодветна исхрана, водење здравствена статистика, утврдување и спроведување на единствена стручно-методолшка доктрина, предлагање и учество во единствени здравствени програми, вршење на референтни лабораториски анализи, координација на Центрите за здравствена заштита во Македонија, утврдување и спроведување на мерки при елементарни непогоди, несреќи, вонредни состојби, учество во образовната дејност и создавање и спроведување стручно-медицински доктрини во својата област.

Контрола на лекови, лековити супстанци и помошни лековити средства, средства за хигиена и козметички препарати

ИЈЗ е референтен центар за утврдување и контрола на штетни биолошки и хемиски агенси.

Институтот за јавно здравје на Република Македонија ги координира задачите кои произлегуваат од законската регулатива во соработка со Регионалните центри за здравствена заштита, Министерството за здравство, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за труд и социјална политика, Министерстсво за внатрешни работи, институтите и други здравствени институции од јавното и приватното здравство, локалната самоуправа, невладините организации, стопанственици, производители, трговски друштва, и други субјекти кои по различни основи се врзани со дејноста што ја извршува оваа институција.

Соработката со Институтот за јавно здравје е во интерес на населението на Македонија, затоа што превентивната здравствена заштита е постулат за здрав и долг живот.

Организациона структура

уреди

РЗЗЗ првостепено е поделен на Регионални заводи и сектори.

Регионални заводи

уреди

РЗЗЗ се состои од 10 општински заводи, со кои се опфаќа целата територија на Македонија:

  • ЗЗЗ Битола
  • ЗЗЗ Велес
  • ЗЗЗ Кочани
  • ЗЗЗ Куманово
  • ЗЗЗ Охрид
  • ЗЗЗ Прилеп
  • ЗЗЗ Скопје
  • ЗЗЗ Струмица
  • ЗЗЗ Тетово
  • ЗЗЗ Штип

Сектори

уреди

РЗЗЗ има 5 сектори и тоа:

  • Сектор за епидемиологија и микробиологија кој ја води, ја обединува и координира епидемиолошко-микробиолошката дејност во републиката и укажува стручно-методолошка помош. Составен е од 5 одделенија:

1. одделение за заразни болести,

2. одделение за тропски и карантински заболувања и СИДА,

3. одделение за вирусологија,

4. одделение за бактериологија и

5. одделение за паразитологија

  • Сектор за хигиена и заштита на човековата околина кој претставува статутарно определена организационо-техничка единица на Републичкиот завод за здравствена заштита. Стручната активност на овој сектор претставува основна карика на националната политика во областа на превентивно-медицинската, пред сè здравствено-еколошката дејност во Македонија. Функционирањето на секторот се одвива преку следните организациони единици:

1. Одделение за радиациона дозиметрија

2. Одделение за хигиена на води и комунална хигиена

3. Одделение за испитување на здравствена исправност на водите

4. Одделенбие за хигиена на исхрана

5. Одделение за контрола на квалитет на прехранбени производи

6. Одделение за контаминети и екотоксикологија

7. Одделение за испитување на здравствената исправност на предмените за општа употреба

8. Одделение за радиоекологија

9. Одделение за медицина на трудот

10. Одделение за храна и диететско советувалиште

  • Сектор за социјална медицина чија дејност е остварување на програмски, научно-истражувачки и воспитни активности. Се состои од 5 одделенија:

1. Одделение за организација, планирање и развој на здравствената дејност

2. Одделение за здравствена статистика и информатика во здравството

3. Одделение за здравствено воспитание, историја на медицината и публицистика

4. Одделение за економика во здравствотo

5. Одделение за контрола и превенција на повреди и насилство

  • Сектор за контрола и испитување на лекови кој врши лабораториски испитувања (хемиски, микробиолошки и биолошки) на лекови, помошни лековити средства и медицински помагала. Составен е од 6 одделенија:

1. административен дел

2. одделение за регистрација

3. физико-хемиска лабораторија

4. биолошка лабораторија

5. микробиолошка лабораторија

6. биохемиска лабораторија

  • Сектор за правно и финансиско работење

Институтот за јавно здравје има 135 редовно вработени и 40 привремено вработени од разни профили: доктори по медицина, хемиски, машински инженери, фармацевти, јадрени физичари, професори, доценти, асистенти итн.

Услуги

уреди
  • Лабораторија
  • Санитарни прегледи
  • Мориторинг на исхрана
  • Курс по хигиена

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2016 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-04-18. Посетено на 2018-04-16.

Надворешни врски

уреди