Операција Оверлорд

(Пренасочено од Инвазија на Нормандија)

Денот Д или Операција „Оверлорд“ — нарекува воената инвазија на сојузниците од Англија врз Нормандија, преку каналот Ламанш, која започнала на 6 јуни 1944.

Растовар на тенкови и залихи на Денот Д

Ова била една од завршните операции од Втората светска војна, со која започнала офанзивата на сојузниците врз силите на Нацистичка Германија од запад, и нивно постепено повлекување кон исток, кон Германија, од претходно окупираните територии на Франција, Бенелукс и Данска. Главницата од сојузничките сили ја сочинувале американски, британски, канадски и француски единици. Целокупната флота ја чинеле бродови од 8 различни земји, вкупно 6.939 бродови (1.213 воени бродови, 4.126 транспортни бродови и 1.600 бродови за поддршка, вклучувајќи ги и трговските бродови).

Историја

уреди

Истоварот на сојузничката војска започнало во 6 часот и 30 минути наутро кога 5.000 бродови и 10.000 авиони тргнале во напад. Прва на брегот била американската армија на коишто им претстоело да направат мостобран во западната зона на Нормадиското подрачје. Еден час подоцна започнал нападот на британските војници на источната зона. Четвртата американска дивизија на генерал Теодор Рузвелт вршела истовар во секторот Јута. Неколку бродови на коишто се превезувале единиците налетале на мини. Потонал еден од десантните бродови со 4 водоземни тенкови. Изгубен е и еден разурнувач, а во настанатиот метеж првиот бран на трупите биле истоварени 1,5 км јужно од планираното.

Дваесет и пет километри источно од Јута се наоѓал секторот Омаха на којшто се истоварил 5. корпус на Првата американска армија. Овде одбраната ја држела 352. пешадиска елитна дивизија која стигнала неколку недели пред самиот напад. Во текот на десантот таа извршувала одбрана на напад од море, па истата се наоѓала во полна борбена готовност. Тоа во голема мерка овозможило вешто да се амортизираат нападите на сојузничката флота и нападите од воздух. Во општиот хаос набрзина биле спуштени 64 водоземни тенкови, но само половина од нив успеале да дојдат до брегот. Високите бранови потопиле 27 тенка, а пет-шест биле уништени од противничката артилерија. Исто така потонале 28 од вкупно 30 хаубици коишто биле превезувани во десантни чамци. Американскиот корпус претрпел големи загуби а многу војници и оклопни возила биле истоварени на погрешни места со што била изгубена врската со главницата.

Американците и покрај значителните загуби успелае да се прошират правејќи го мостобранот во секторот Омаха. Во тоа значителна помош им пружела артилеријата од воените бродови и доминацијата на небо од нивната авијација. До касно во ноќта на 6 јуни, сојузниците воспоставиле три мостобрана на Нормандискиот брег во должина од 2 до 9 км. Се истовариле 8 дивизии (3 воздушно-десантни и 5 пешадиски) и една оклопна бригада со вкупно 156.000 луѓе.