Член (граматика)
(Пренасочено од Граматички член)
Член е збор кој стои до именка или друг збор кој ја менува именката, за назначување на видот на односот кон таа именка.
Членовите играат разни улоги:
- одреден член (во македонскиот, наставките: -от, -та, -то; во англискиот: the) пред именки во еднина или множина кои се однесуваат на извесен (конкретен) член на една група. (Пилето на гранката е шарено)
- неодреден член (во македонскиот вакви не постојат, но во англискиот: a, an) се користи пред именки во еднина that refer to any member of a group. (A cat is a mammal.).
- делбен член означува неодредена количина на неизбројлива именка; во македонскиот вакви не постојат, но во англискиот, иако не постојат, зборовите some или any често ја вршат таа функција. Пример за ваков член наоѓаме во францускиот: du / de la / des, како во Voulez-vous du café ? (превод на англиски: „Would you like some coffee?“ или „Would you like coffee?“)
- нулти член е отстуството на член (како во англиската неодредена множина), кој се користи во некои јазици како спротивност на пристуството на член.
Членот во македонскиот јазик
уредиЧленот во македонскиот јазик е постпозитивен, т.е. доаѓа како наставка на именката.
Македонскиот јазик има три вида членови, со три варијанти за секој, во зависност од родот. Значи, покрај гореспоменатиот одреден член (-от, -та, -то), македонскиот јазик има уште два члена кои се употребуваат во зависност од релативната раздалеченост на посоченото:
- за блиски предмети: -ов (-ва, -во)
- за пооддалечени предмети: -он (-на, но)
За поподробно, видете Определеност и неопределеност на именките во македонскиот јазик.
Поврзано
уредиОваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |