Илинден (весник 1907-1908)

Илинден (бугарски: Илинденъ) бил нелегален орган на Македонската револуционерна организација.

Илинден
УредникВасил Пасков
Основан27 ноември 1907
ЈазикБугарски
Престанал12 септември 1908
СедиштеСофија
За други значења на поимот Илинден видете на појаснителната страница

Излегувал двапати неделно, во среда и во сабота, во периодот од 27 ноември 1907 до 12 септември 1908 година во Софија.[1]

Покрај уредникот и издавач Васил Пасков, редакцијата ја сочинувале и Григор Василев, Пејо Јаворов, Данаил Крапчев, Никола Милев и Петко Пенчев.

Биле објавени вкупно 64 броја.

Политички биле против раководството на ВМОРО кое било избрано на Рилскиот конгрес во 1905 година.[2]

Наводи

уреди
  1. Д-р Боро Мокров, „Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година)“, Скопје, 1980, 213-215.
  2. Д-р Боро Мокров - М-р Томе Груевски, „Преглед на македонскиот печат (1885-1992)“, Скопје, 1993, 54.

Надворешни врски

уреди