Илинденци (организација)
- За други значења на поимот Илинден видете на појаснителната страница
Илинденци била организација формирана од бугарската окупаторска власт од учесници во Илинденското востание од 1903 на територијата на целиот македонски регион[1]. Се залагала за спроведување на бугарската политика во окупирана Македонија и за прикажување на Македонците како дел од бугарскиот народ. Нивната активност најмногу доаѓала до израз во време на прославите по повод Илинденското востание и на други значајни историски настани од поблиското и подалечното минато на Бугарија. Дејствувала во периодот од 1941 до 1944 година.[2]