Изрека
Изрека е нешто изречено (кажано), кое се смета за забележително и значајно на еден или друг начин.
Зависно од аспектот на забележителност, постојат ред синоними или облици на изрека:
- Адаж. Афоризам кој се здобил со кредибилитет по пат на негова долготрајна употреба.
- Афоризам. Концизна запамтлива дефиниција.
- Банална поговорка. Површна изрека, која е стара и понекогаш банална.
- Гном (старогрчки: gnome или gignoskein, знаење). Вид изрека, особено афоризам или максима која е осмислена за поучување во компактна форма.
- Досетка. Досетлива или смешна забелешка.
- Духовита забелешка. Паметна изрека, значајна по нејзиниот облик и стил, а не по нејзината содржина.
- Епиграм. Поетска форма или коментар по извесна идеја, настан или личност.
- Изветвена фраза. Безначајна, банална, или слаба забелешка.
- Клише. Многу површна, ветва или банална изрека.
- Максима. Фундаментален принцип или правило. Максимата е мудра изрека, која советува или препорачува начин на однесување. Во споредба со другите видови изреки, ова е концизна формулација на ултимативна вистина, фундаментален принцип или правило на однесување. Зборот потекнува од латинскиот збор maximus, „највелик“, преку изразот maxima propositio, „највелик исказ“.
- Мото. Коцизен израз на мотивација.
- Поговорка. Израз на практична вистина или мудрост.
Оваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |