Ефузивен избув

(Пренасочено од Изливен избув)

Ефузивен избув или ефузивна ерупцијавулкански избув кој се одликува со исфрлање на течна лава, од која повеќето се шири над површината на вулканот, за разлика од експлозивните избуви кои главно испуштаат фрагментирана лава во атмосферата[1]. Ефузивните избуви преовладуваат кај штитестите вулкани и вулканските пукнатини, наизменично со експлозивни избуви кај стратовулканите и стромболските конуси, а поретки се кај вулканолошките или пелешките вулкани.

Ефузивен избув на базалтна лава во избувот на Мауна Лоа во 1984

Излиената лава од ефузивни избуви обично е базалтна, понекогаш андезитна или дацитна[1] и доведена до температури до 1 200 °C. Таа образува текови од фонтани, пукнатини или езера од лава[1]. Брзината и должината на текот зависат од вискозноста на лавата, наклонот на вулканот и стапката на излив (количина на излиена магма во единица време). Текот може да достигне десетици, па дури и стотици километри[2].

Овој вид избув води до создавање на вулканска купа која генерално има кратер на врвот околу кој се наталожени последователни слоеви на лава и исфрлени цврсти производи(еџекта). Лавата што ја испуштаат овие вулкани е течна ; ова се хавајски, суртсејски или дури во некои случаи избуви од стромболски вид. Оваа активност е честа појава на океанските гребени и главно на вулканите од типот на изолирани врели точки. Магмите кои ги произведуваат овие најтечни лави се помалку богати со силициум диоксид. Истите често се базалтни магми (44 до 53 % силициум диоксид). Растворените гасови што ги содржат лесно излегуваат, што резултира со мала експлозивност кај овој вид на избуви.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 (англиски) „[[:Предлошка:Langue]]“. Посетено на 15 novembre 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); URL–wikilink conflict (help)
  2. Guide des volcans, Delachaux et Niestlé, 2000, p.41

Поврзано

уреди