Извршен совет на Собранието на Македонија од 1969
Извршниот совет на Народното Собрание на СР Македонија од 1969 е формиран на 7 мај 1969 година. Ја врши својата функција до 29 декември 1971 година, кога е избран нов состав на Извршниот совет.
Состав на Извршниот совет
уредиСоставот на Извршниот совет е следниот:[1]
- претседател Ксенте Богоев
- потпретседатели: Мориц Романо и Азем Зулфиќари
- членови: Славка Георгиева, Јездимир Богдански, Љупчо Гроздев, Драган Захариевски, Фахри Мехмед - Каја, Горѓи Оровчанов, Младен Павловски, Анте Поповски, Никола Узунов и Стојан Косев.