Игуасу (река)
Игуасу (португалски: Iguaçu; шпански: Iguazú)[2] е река во Бразил и Аргентина, важна притока на реката Парана. Долга е 1.320 км, и има речно подрачје од 62.000 км2.[3]
Игуасу Iguazú, Iguaçu | |
Река | |
Реката веднаш над водопадите Игуасу
| |
Земји | Бразил, Аргентина |
---|---|
Дел од | слив на реката Парана |
Притоки | |
- леви | Негро, Хопим |
- десни | Ареја |
Градови | Куритиба, Кампо Ларго, Фоз до Игуасу |
Знаменитост | водопади Игуасу |
Извор | Морски Срт |
- место | кај Куритиба, Парана, Бразил |
- височина | 1.200 м |
- координати | 25°23′30″S 49°00′11″W / 25.39167° ЈГШ; 49.00306° ЗГД |
Утока | Парана |
- местоположба | Фоз до Игуасу, покраина Мисионес и сој. држава Парана, аргентинско-бразилска граница |
- височина | 110 м |
- координати | 25°35′33″S 54°35′30″W / 25.59250° ЈГШ; 54.59167° ЗГД [1] |
Должина | 1.320 км, исток-запад |
Слив | 62.000 км2 |
Истек | во водопади Игуасу |
- просечен | 1.746 м3/с |
- максимален | 12.799 м3/с |
- минимален | 200 м3/с |
Течение
уредиРеката извира од крајбрежните планини на Морскиот Срт (Serra do Mar) во сојузната држава Парана, Бразил. Потоа тече 1.205 км низ државата Парана и се среќава со нејзината притока Сан Антонио. Оттука, па надолу, Игусу ја исцртува границата помеѓу Бразил и Аргентина (покраина Мисионес).[3] Продолжува на запад и се спушта од висорамнина, образувајќи ги познатите водопади на Игуасу. Водопадите влегуваат во два истоимени национални парка „Игуасу“, едниот во Аргентина, а другиот во Бразил. На крај се влева во поголемата река Парана, и тоа во тромеѓето на Аргентина, Бразил и Парагвај.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Координатите на GNS се прилагодени со Google Maps и GeoLocator
- ↑ Río Iguazú - Топонимски опслужувач GEOnet (англиски)
- ↑ 3,0 3,1 Varis, Olli; Tortajada, Cecilia; Biswas, Asit K. (2008). Management of Transboundary Rivers and Lakes. Springer. стр. 271. ISBN 978-3-540-74926-4.
„Игуасу (река)“ на Ризницата ? |