Игра на смртта (филм од 1978)
„Игра на смртта“ (кинески: 死亡遊戲; англиски: Game of Death) — хонгконшки филм од 1978 година, во режија на Роберт Клоуз. Главните улоги во филмот ги играат: Брус Ли, Гиг Јанг, Дин Џегер и Колен Камп. Оригинално, филмот бил снимен во 1972 година, во режија на Брус Ли, кој бил и автор на сценариото. Меѓутоа, по смртта на Брус Ли, американскиот режисер Роберт Клоуз го довршил филмот врз основа на претходно снимените материјали. Ова е последниот филм на Брус Ли.[1]
Содржина
уредиБили Ло (го игра Брус Ли) е позната ѕвезда од филмовите со боречки вештини, а неговата девојка, Ен Морис, е пејачка која гради успешна кариера. Тие се под притисок на нивната менаџерска фирма, која сака да ја преземе контролата врз нивните кариери. Били знае дека менаџерската агенција ќе се однесува кон нив како кон своја сопственост и дека нема да ги третира како човечки суштества, па затоа ја одбива соработката со неа. Меѓутоа, агенцијата не се откажува од своите намери и со примена на агресивни мерки настојува да го убеди Били да ја прифати соработката. Најпосле, кога агенцијата се обидува да го убие Били, тој ги надитрува и ја лажира својата смрт.[1]