Игор Курчатов

(Пренасочено од Игор курчатов)

Игор Василевич Курчатов (руски: И́горь Васи́льевич Курча́тов, 12 јануари 1903 година[1] - 7 февруари 1960 година) е советски јадрен физичар, којшто е широко познат и како раководител на Советскиот проект за атомска бомба. Заедно со Георгиј Фљоров и Андреј Сахаров, Курчатов е познат и наречен како „татко на советската атомска бомба” а тоа се должи на неговата предводечка улога во јадрената програма на Советскиот Сојуз, кога СССР дознава за напорите на Западните сојузници да произведат јадрено оружје, програма којашто е во тајност за време на Втората светска војна .По девет години тајно конструирање, Советскиот Сојуз успешно го тестираше своето прво јадрено оружје наречено Џо-1 во зоната за тестирање којашто се наоѓа во Семипалатинск, во 1949 година.Во 1954 година тој ја добива Државната награда на Советскиот Сојуз. Од 1940 година па наваму, Курчатов работеше и придонесе за унапредување на програмата за јадрено оружје, а подоцна се залагаше за мирен развој на јадрена технологија. Во 1950 година, Курчатов го даде својот придонес и во развитокот на водородната бомба заедно со Андреј Сахаров. Други остварени проекти на Курчатов се инсталација и развојот на првиот акцелераторот за забрзување на наелектризирани честички од страна на Советскиот Сојуз, уште наречен и циклотрон, отворање и изградба на атомската централа во Обнинск, првата комерцијална атомска централа исто така во Обнинск, комплетирање и пуштање на „Ленин“ - првиот брод на јадрен погон под негово раководство во 1959 година.

Поштенска марка посветена на Игор Курчатов

Проектот атомска бомба

уреди

Во 1941 година, Германија започна опсежна воена офанзива против Советскиот Сојуз, позната под името како опреација Барабоса. Во тоа време Курчатов го спроведуваше истражувањето од областа на јадрената физика и поради тоа опсежно истражување тој беше широко познат во Советската Академија на науките. Поради војната со Германија и нејзините сојузници, Советскиот Сојуз сè до 1942 година не презема никакви сериозни иницијации за отпочнување на научните истражувања на јадрените оружја. Георгиј Фљоров, којшто подоцна станува клучна фигура во спроведувањето на јадрената програма, тајно му испраќа шисмо на Јосиф Сталин нагласувајќи дека во физичките списанија нема ништо објавено од страна на Американците, Британците, па дури и Германците, за јадрено цепење од 1939 година, годината кога била откриена и дека навистина многу од најистакнатите физичари во земјите сојузнички изгледа нема да објавуваат воопшто. Оваа академска тишина му била многу сомнителна на Фљоров па затоа го повикува Сталин да ја отпочнат програмата на непосреден ефект, бидејќи тој верувал дека другите земји напредуваат со својата програма потајно. Во 1943 година,NKVD(Народен Комесаријат за внатрешни работи) доби копија од тајниот британски извештај на MAUD Committee во врска со изводливоста на атомското оружје, којшто го доведе Сталин во состојба да го нареди започнувањето на советската јадрена програма (но со многу ограничени ресурси). Сталин се обрати до Советската академија на науките со цел да го најде најдобриот раководител на програмата и како резултат на тоа Советската академија на науките го одбра Курчатов поради неговото големо искуство во јадрената физика. Лофе го препорачува Курчатов на Вјачеслав Молотов и од таму тој го советува Сталин да го назначи Курчатов како официјален директор на зачетната јадрена програма на Советскиот Сојуз. Развојот на јадреното оружје во Советскиот Сојуз започнува во 1840-тите години. Курчатов најпрвин во неговото истражување ја вклучува заштитата на бродовите од магнетни мини а подоцна и на оклопни тенкови во јадрената физика. Во текот на своите први години проектот атомска бомба, беше со релативно низок приоритет, но тоа се смени со информацијата од шпионот Клаус Фукс, а подоцна уништувањето на Хирошима и Нагасаки го потикна Сталин да ги земе работите во свои раце. Сталин му издаде наредба на Курчатов да создаде бомба до 1948 година и да го потчини под директна повела на проектот безмилосниот Лаверентиј Берија. Проектот го презеде градот Саров во областа Горки (денешна област Нижниј Новгород),на Волга и го преименуваа во Арзамас-16. Тимот (во којшто беа вклучени и други истакнати советски јадрени научници како Јулиј Борисович Харитон и Јаков Борисович Зелдович)беше потмогнат и од страна на Владата на САД со јавните обелоденувања и со дополнителни информации обезбедени од страна на Фухс, но Курчатов и Берија (плашејќи се дека веста е дезинформација) инсистираа нивните научници се да тестираат повторно. Особено Берија ќе ја искористи веста како преглед од трета страна на заклучоците на научните тимови.

„First Lightning“

уреди

На 29 август 1949 година тимот на Курчатов успешно го активираше првиот уред за тестирање, ,,First Lightning” (имплозивна бомба направена од платониум), во зоната за тестирање, во Семипалатинск. Подоцна Курчатов забележал дека во тоа време се чувствувал олеснато. Во 1952 година, во пресрет на успешното активирање на првиот уред за соединување од страна на САД, познато под името Ivy Mike, Сталин им наредил на советските научници да создадат сличен уред, таа програма била отпочната во 1953 година. Овој проект го раководеле Виталиј Гинзбург и Андреј Сахаров којшто го отпочна овој проект како Сахаровата „Трета идеја“.Потоа Курчатов го даде својот придонес и во некои од пресметките за првата водородна бомба на Советскиот Сојуз. За разлика од Гинзбург, Сахаров и Јаков Зелдович, Курчатов учествувал само во мали пресметки, применувајќи ги основните принципи за јадрено оружје, коишто важат за помалите јадрени оружја коишто беа создадени под негово раководство. Во 1953 година, Советскиот Сојуз го активирал својот прв термојадрен уред познат како Joe 4. Додека други научници, како што се Гинзбург, Зелдович и Сахаров се здобија со слава, придонесот на Курчатов се намали.

Други проекти

уреди

Во доцните 1950-ти години, Курчатов се залагаше за да нема тестирање на јадрени оружја. Во остварените проекти под раководство на Курчатов се вбројуваат првиот циклотрон во Москва (1949),првиот атомски реактор во Европа (1946),првата атомска централа во светот (1954), првиот јадрен реактор за подморници во светот (1959) и мразокршачот Ленин,првото јадрено напојување на површински бродови и цивилни бродови во светот.

Наследство и признанија

уреди

За време на програмата А-бомба, Курчатов се заколна дека нема да си ја иссече брадата сè додека програмата не успее ,тој продолжи да носи голема брада (често ја сечел во некои екцентрични стилови) до крајот на својот живот и се здобива со прекарот ,, Брадестиот”. По серијата доживеани мозочни удари, Курчатов умира во 1960 година, во Москва а неговите посмртни останки се закопани во Некрополата на Кремљскиот ѕид на Црвениот плоштад. Два града го носат неговото име областа Курчатов, седиштето на СТС(зона за тестирање во Семипалатинск) и Курчатов во близина на Курск (седиште на една атомска централа) како и Институтот ,, Курчатов” именуван во негова чест, каде што на влезот стои голем споменик посветен на него. Кратерот Курчатов на Месечината и астероидот 2352 Курчатов се исто така именувани според него.

  1. „Метрическая запись о рождении академика И. В. Курчатова“. Официальный сайт Государственного учреждения «Объединённый государственный архив Челябинской области» (руски). 2015-11-10. Посетено на 2015-11-15.