Игнаци Карпович (р. 1976 година, во Бјалисток, Полска) е полски писател, прозаист, литературен преведувач, добитник на Пасош на „Политика“ (2011) за неговиот роман Баладини и романси (Balladyny i romanse, 2010).

Игнаци Карпович (2007)

Животопис

уреди

Првите години од животот ги поминал во селото Случанка, а потоа со неговите родители се преселил во Бјалисток. Завршил Прва општа гимназија Адам Мицкевич во Бјалисток. Студирал шпански јазик и книжевност и африканистика во рамки на Меѓуфакултетските поединечни хуманистички студии на Универзитетот во Варшава.

Во 2006 година, издавачката куќа „Чарне“ го издала неговиот деби роман Niehalo, за кои тој беше номиниран за наградата Пасоши на Политика. Во 2007 година тој го објави неговиот втор роман - Чудо. Романот Гестови, во 2009 година беше финалист на Книжевната Награда „Нике“.[1] Во октомври 2010 година во издание на Wydawnictwo Literackie излегува неговиот роман Баладини и романси, кој бил финалист за Книжевната Награда „Нике“ во 2011 година[2] и му донело Пасош на Политика за 2010 година. Романот Ости бил финалист за Книжевната Награда „Нике“ во 2014 година, со кој ја освоил наградата во конкуренција на читателите[3], додека романот Соња бил финалист за Книжевната Награда „Нике“ за 2015 година[4].

Романот Соња е преведен на македонски јазик (превод од полски јазик: Филип Димевски) и објавен од Издавачката куќа „Бегемот[5]“ од Скопје.

Наводи

уреди
  1. „Нике 2009“.
  2. „Нике 2011“.
  3. „Нике 2014“.
  4. „Нике 2015“.
  5. „Игнаци Карпович – Соња | Бегемот“ (англиски). Посетено на 2018-12-08.

Надворешни врски

уреди