Иван Шапоњиќ (роден на 2 август 1997 година) е професионален српски фудбалер кој настапува на позицијата напаѓач. Шапоњиќ моментално настапува за словачкиот клуб ШК Слован од Братислава.[1]

На меѓународно (репрезентативно) ниво, Шапоњиќ го освоил златниот медал со селекцијата на Србија на Светскиот куп на ФИФА У-20 2015 година. На тоа првенство тој успеал да постигне два гола.

Клупска кариера

уреди

Партизан

уреди

Иван е роден во Нова Варош. Започнал да игра фудбал во локалните клубови на Златар од Нова Варош и Слобода од Ужице пред да се приклучи на младинската академија на екипата на Партизан. Својот прв натпревар, за сениорскиот клуб на Партизан во лигашки натпревар го имал на 30 ноември 2013 година, влегувајќи како замена во 76 минута во победата од 2:0 на домашен терен над составот на Спартак од Суботица.[2] Тој до крајот на сезоната 2013-14 не успеал да одигра ниту еден друг натпревар за клубот.

На 30 мај 2014 година го потпишал својот прв тригодишен професионален договор со екипата на Партизан.[3] Тој својот прв натпреварувачки гол за тимот го постигнал на 8 април 2105 година, во победата од 2:0 на гостински терен над екипата на Јагодина во возвратниот натпревар од полуфиналето на Купот на Србија. Пет дена подоцна, тој го постигнал својот прв лигашки гол во победата од 3:1 на гостински терен против составот на ОФК Белград. Шапоњиќ постигнал вкупно 5 гола на 16 натпревари во сите типови на натпреварувања, во текот на сезоната 2014-2015.

На 25 јули 2015 година, Шапоњиќ постигнал гол во победата од 6:0 на лигашки натпревар над составот на Јагодина.[4] Тој го постигнал својот прв меѓународен гол за составот на Партизан, со удар со глава во победата од 2:1 на домашен терен над клубот на БАТЕ од Борисов, во возвратниот натпревар од плеј-оф фазата во Лигата на шампионите. Овој натпревар се одиграл на 26 август 2015 година.[5] Тоа била 100-та победа на клубот на Партизан во европскиот фудбал.[6] Тој, ги постигнал двата гола за екипата на Партизан во победа од 2:0 во Купот на Србија на 28 октомври 2015 година над екипата на Синѓелиќ од Белград.[7]

Бенфика

уреди

На 12 јануари 2016 година, Шапоњиќ потпишал договор со траење од 5 години и половина со португалскиот шампион на Бенфика[8] и веднаш бил прекомадуван во нивниот резервен тим. Во месец јули 2017 година, Иван Шапоњиќ бил позајмен на белгискиот клуб Зулте Варегем.

Атлетико Мадрид

уреди

На 11 јули 2019 година, Шапоњиќ потпишал тригодишен договор со екипата на Атлетико од Мадрид за тогаш непозната сума. Подоцна била објавена сума која изнесувала околу 500 илјади евра.[9] Својот прв гол за клубот го имал на 23 јануари 2020 година, во натпревар од Копа дел Реј (шпански куп) против екипата на Културал Леонеса.

На 22 јануари 2021 година, Шапоњиќ се придружил во Ла Лига во екипата на Кадис до крајот на сезоната и тоа како позајмен играч.[10] На 31 јануари 2021 година, тој го одиграл својот прв натпревар за клубот во поразот од 2:4 на домашен терен во лигашки натпревар против неговиот поранешен тим Атлетико од Мадрид.[11][12]

Слован Братислава

уреди

Во месец јануари 2022 година, екипата на Слован од Братислава ја објавила веста за потпишувањето на договорот со Иван Шапоњиќ за период од 3 години и половина.[1]

Репрезентација

уреди

На меѓународно ниво, Шапоњиќ ја претставувал својата татковина на различни младински нивоа. Тој бил најдобар стрелец на тимот (заедно со Лука Јовиќ) со по пет гола во нивната неуспешна квалификациска фаза за УЕФА првенството до 17 години во 2014 година.[13] Со вкупно три гола, Шапоњиќ бил повторно најдобар стрелец на тимот (и повторно во друштво на Јовиќ) во неуспешна квалификациска сезона за УЕФА првенството до 19 години во 2015 година.

Иван Шапоњиќ бил вклучен во финалниот тим од 21 играч за Светското првенство на ФИФА У-20 во 2015 година. Тој на 10 јуни 2015 година, го постигнал израмнувачки гол против репрезентацијата на Унгарија во осминафиналето, при што Србија на крајот го добила натпреварот со резултат од 2:1 и тоа по продолженијата.[14] На 17 јуни 2015 година, тој го постигнал победничкиот гол во продолжението во полуфиналето против репрезентацијата на Мали.[15] Иван бил најдобар стрелец на тимот (заедно со уште Немања Максимовиќ, Станиша Мандиќ и Андрија Живковиќ) со два гола. На крајот од турнирот репрезенатцијата на Србија завршила на првото место.[16]

Статистика во кариерата

уреди

Клупска статистика

уреди
Обновено на крајот од натпреварот одигран на 16 мај 2021.[17]
Клуб Сезона Лигашки натпревар Куп натпревари Континентални натпревари Останати натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Партизан 2013–14 Српска Суперлига 1 0 0 0 0 0 1 0
2014–15 14 4 2 1 0 0 16 5
2015–16 17 3 1 2 7 1 25 6
Вкупно 32 7 3 3 7 1 42 11
Бенфика Б - тим 2015–16 Лига Про 19 5 19 5
2016–17 21 3 21 3
2018–19 28 6 21 3
Вкупно 68 14 68 14
Зулте Варегем(како позајмен играч) 2017–18 Белгиска Про Лига 21 5 2 1 5 0 11 1 39 7
Атлетико од Мадрид 2019–20 Ла Лига 2 0 1 0 0 0 0 0 3 0
2020–21 0 0 2 0 0 0 2 0
Вкупно 2 0 3 0 0 0 0 0 5 0
Кадис(како позајмен играч) 2020–21 Ла Лига 9 1 9 1
Вкупно во кариерата 132 27 8 4 12 1 11 1 163 33

Признанија

уреди

Клупски признанија

уреди

Партизан

  • Освоена е Српската Суперлига: 2014–15
  • Учество во финалето на Купот на Србија: Второпласирани 2014–15

Меѓународни признанија

уреди

Србија

  • Освоено е Светското првенство на ФИФА за У-20: 2015 година

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Z Atlética Madrid prichádza útočník Ivan Šaponjič“ [Atletico Madrids forward Ivan Saponjic came to the club]. ŠK Slovan Bratislava (словачки). 22 January 2022. Посетено на 22 January 2022.
  2. „Partizan – Spartak 2:0 (0:0)“ (српски). partizan.rs. 30 November 2013. Посетено на 10 April 2014.
  3. „Šaponjić potpisao profesionalni ugovor“ (српски). partizan.rs. 30 May 2014. Посетено на 30 May 2014.
  4. „Sjajna uvertira za Steauu: Partizan kao Zvezda, Jagodina ispraćena sa šest komada“ (српски). blic.rs. 25 July 2015. Посетено на 27 July 2015.
  5. „BATE advance after holding off Partizan rally“. UEFA. 26 August 2015. Посетено на 27 November 2015.
  6. „Zašto će u Partizanu zauvek pamtiti makazice Ivana Šaponjića? (VIDEO)“ (српски). mozzartsport.com. 27 August 2015. Посетено на 27 August 2015.
  7. „Partizan uz golove Šaponjića i kombinovani tim do osmine finala Kupa Srbije“ (српски). blic.rs. 28 October 2015. Посетено на 27 November 2015.
  8. „Šaponjić potpisao za Benfiku“ (српски). partizan.rs. 12 January 2016. Посетено на 12 October 2017.
  9. „Saponjic cedido a título definitivo“ [Saponjic moved permanently]. S.L. Benfica (португалски). 11 July 2019. Посетено на 11 July 2019.
  10. „Ivan Šaponjić, primer refuerzo invernal“ [Ivan Šaponjić, first winter signing]. Cádiz CF (португалски). 22 January 2021. Посетено на 22 January 2021.
  11. „Ivan Saponjic se estrena con el Cádiz... Contra su Atlético“. 31 January 2021.
  12. „Cádiz CF vs Atlético de Madrid - LaLiga Santander“.
  13. „Germany hold Serbia to return to finals“. UEFA. 31 March 2014. Посетено на 10 June 2015.
  14. „Sub Saponjic is Serbia's saviour“. FIFA. 10 June 2015. Архивирано од изворникот на 11 June 2015. Посетено на 10 June 2015.
  15. „Saponjic strikes to send Serbia through“. FIFA. 17 June 2015. Архивирано од изворникот на 19 June 2015. Посетено на 27 November 2015.
  16. „Ecstasy in Auckland as Serbia make history“. FIFA. 20 June 2015. Архивирано од изворникот на 20 June 2015. Посетено на 27 November 2015.
  17. Предлошка:ForaDeJogo

Надворешни врски

уреди