Иван Нанчески
Иван Нанчески (Смедерево, 17 април 1989 - Смедерево, 27 мај 2016) — српско-македонски кошаркар од македонска народност, член на македонската младинска репрезентација до 20 години. Починал во сообраќајна несреќа на 27 мај 2016 година во близина на Смедерево, Србија, каде што е роден и живеел последните години.[2] Играл за Свислион Таково.[3] Нанчевски извесен период играл за битолски Пелистер и бил меѓу носителите на играта на жолто-црвената селекција на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, кое во 2009 година се одигра во Скопје. Тогаш, тој просечно минувал 26 минути на паркетот со просек од 6,6 бода, 2,4 скока и 1,9 асистенции на седум натпревари под раководство на тогашниот селектор на младинците, Емил Рајковиќ.
Иван Нанчески | |
---|---|
Позиција | крило[1] |
Висина | 195 м |
Тежина | кг |
Клуб | КК Свислион Таково |
Роден | 17 април 1989 Смедерево, СР Србија, СФРЈ |
Починал | 27 мај 2016 Смедерево, Србија | (возр. 27)
Националност | Србин/Македонец |
Клубови | |
КК Пелистер, Торлак, Свислајон Ваљево | |
Репрезентација | |
Инфо од: 31.05.2016. |
Наводи
уреди- ↑ Иван Нанчески | 15[мртва врска]
- ↑ „Кошркарски репрезентативец на Македонија загина во сообраќајка во Србија“. Архивирано од изворникот на 2016-06-02. Посетено на 2016-05-31.
- ↑ Петар Апцев и Иван Нанчевски во Свислион Таково