Иван Иваниќ (роден во 1867 година во Бачко Градиште) — српски правник, дипломат и публицист.[1]

Иван Иваниќ
Роден 1867
Бачко Градиште
Починал ?
Занимање дипломат

Животопис

уреди

Иван Иваниќ дипломирал на Правниот факултет во Будимпешта. Бил српски вицеконзул во Битола (1899) и извесен период секретар на српскиот конзулат во Солун. Во времето на Втората балканска војна (1913) бил службеник во военото Прес-биро на српската Врховна команда во Скопје. Работел како уредник на повеќе весници. Во своите теренски записи презентира значајни (но не секогаш веродостојни) материјали и фактографски податоци за минатото на Македонија.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Иваниќ“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 583. Text "series " ignored (help)