Јован Александар

бугарски цар
(Пренасочено од Иван Александар)

Јован Александар (бугарски: Иван Александър; оригинален правопис: ІѠАНЪ АЛЄѮАНдРЪ),[1] бил цар на Бугарија од 1331 до 1371,[2] за време на Второто Бугарско Царство. Датумот на неговото раѓање не е познат. Починал на 17 февруари 1371. Долгото владеење на Јован Александар се смета за преоден период во бугарската средновековна историја. Јован Александар го започнал своето владеење со справување со внатрешните проблеми и надворешните закани од соседите, Византиската империја и Србија, како и со водење на неговото царство во период на економско закрепнување и кулурна и верска преродба.[3]

Јован Александар
Цар на Бугарија
На престол1331 – 17 февруари 1371
ПретходникЈован Стефан
НаследникЈован Шишман
Јован Срацимир
Починал(а)17 февруари 1371(1371-02-17)
СопружникТеодора Влашка
Сара (Теодора)
ТаткоСрацимир
МајкаКераца Петрица
ВероисповедПравославие
Бугарија во времето на Јован Александар

Сепак, царот подоцна не можел да се справи со зголемените упади од страна на Османлиите, унгарските инвазии од северозапад и Црната чума.[2] Во несреќниот обид да се избори со овие проблеми, тој го поделил царството на неговите двајца синови,[4][5] со што ослабено и поделено го принудил да се соочи со претстојното османлиско освојување.[2][5]

Наводи

уреди
  1. As spelled in the Zograf and Orjahov Charters. Daskalova, Angelina; Marija Rajkova (2005). Gramoti na bǎlgarskite care (бугарски). Sofia: Bulgarian Academy of Sciences. стр. 58–59. ISBN 954-322-034-4.
  2. 2,0 2,1 2,2 Lalkov, Rulers of Bulgaria, pp. 42–43.
  3. Bǎlgarite i Bǎlgarija, 2.1
  4. Delev, Istorija i civilizacija za 11. klas
  5. 5,0 5,1 Castellan, Georges (1999). Histoire des Balkans, XIVe–XXe siècle (француски). Paris: Fayard. стр. 42. ISBN 2-213-60526-2.