Ибрахим-паша Бушатлија
(Пренасочено од Ибрахим Паша Бушатлија)
Ибрахим Бушати или Ибрахим Паша Бушталија — османлиски паша и албански феудалец од фамилијата Бушати. Тој бил брат на Кара Махмуд Бушати, а по неговата смрт го населдил како скадарски паша. Додека управувал како паша на Скадар бил назначен за беглербег на Румелија во 1805 година. Учествувал во задушувањето на Првото српско востание предводено од Караѓорѓе Петровиќ.
Ибрахим-паша | |
---|---|
Претходник | Кара Махмуд Бушатлија |
Наследник | Мустафа-паша |
Лични податоци | |
Роден(а) | Скадарски санџак, Отоманско Царство |
Починал(а) | 1810 |
Вероисповед | ислам |
Ибрахим-паша одржувал контакти со познатиот албански феудалец Али Паша Јанински и го помагал во различни пригоди. Во 1806 година, двата сина на Али Паша, Муктар и Веил служеле под команда на Ибрахим Паша Бушатлија [1]. Ибрахим Паша одржувал добри односи со Високата Порта. По неговата смрт бил наследен од Мустафа Решид Бушатлија
Извори
уреди- ↑ Srbija i Albanci u XIX i početkom XX veka: ciklus predavanja 10-25. novembar 1987