Отвори го главното мени

Иберокавкаски јазици — поим кој е предложен од грузискиот јазичар Арнолд Чикобава, со кој се опфаќаат три засебни јазични семејства кои се зборуваат во Кавказот. Ова предложено јазично семејство ги вклучува: северозападни кавкаски јазици, североисточни кавкаски јазици и картвелски јазици. Според предложената теорија во ова семејство би се вклучиле и хатскиот јазик (за кој некои јазичари сметаат дека има поврзаност со северозападните кавкаски јазици), хурискиот јазик и урартскиот јазик (за кои некои јазичари сметаат дека се поврзани со североисточните кавкаски јазици)

Иберокавакаски јазици
Caucasian
Географска
распространетост:
Кавказ
Класификација:предложено јазично семејство
Гранки:

СтатусУреди

Поврзаноста меѓу овие три јазични семејства е оспорена и не е доволно јасна и прецизирана. Поголем број јазичари може да најдат поврзаности меѓу североисточните и северозападните кавкаски јазици, но сепак нема познати сличности или поврзаности со јужните кавкаски јазици. Овие јазици се поделени и не се сроди и кај класификацијата на Џозеф Гринберг. Така, поимот иберокавкаски е географски поим.

ЛитератураУреди