Преподобен Зосим Тумански бил еден од монасите на Синаит од втората половинa на XIV век кои во Србија дошле за време на Кнез Лазар.

Голем молитвеник и побожник. По преданието овој Синаит живеел сам во камена пештера кај денешниот Манастир Туман. Подигањето на овој манастир, посветен на Свети архистрат Михаил, поврзано за името на Милош Обилиќ, кој во времето на кнез Лазар управувувал со Браничево (област во Србија). По преданието, Милош во приликата на ловење ненамерно го застрелал пустинецот Зосим. Толку тешко ранет, Милош го понел во својот двор во местото Дворот (Голубец) да му се даде помош. Старацот Зосим, чувствувајќи го својот крај, му рекoл на Милош: „Тука остави ме, да умрам тука." На местото каде старецот починал, Милош го погребал и над гробот подигнал црква, односно манастир кој се и денеска нарекува манастир Туман.

Моштите на преподобниот Зосим се наоѓаат во црквата на манастирот Туман и се откриени на 8 август 1936 година.

Литература уреди