Знаме на Сомалија

Знамето на Сомалија (сомалиски: 'Calanka Soomaaliya') е националното знаме на државата. Знамето било усвоено на 12 октомври 1954 и дизајнирано од Мохамед Авале Либан,[1] Знамето било наменето за пан-сомалиските движења. По обединувањето на Британски Сомалиленд и Италијански Сомалиленд, ова знаме се користи од Сомалиската Демократска Република.

Знаме на Сомалија.

Знамето е сино со бела петокрака во средината. Ѕвездата со петте краци ги претставува петте региони каде живеат Сомалијци: Огаден, Североисточна покраина во Кенија, Џибути (порано Француски Сомалиленд) и поранешните Британски и Италијански Сомалиленд. Сината боја го означува Индискиот Океан.

Наводи

уреди

Поврзано

уреди