Знаме на Општина Берово
Знамето на Општина Берово е официјалното знаме на оваа општина кое било усвоено по новата територијална поделба на Македонија.
Употреба | граѓанско знаме |
---|---|
Сразмер | 1:2 |
Опис | Сино знаме со општинскиот грб во центарот.[1] |
Опис
уредиЗнамето е составено од син правоаголник со сразмер од 1:2[1]. Во средината на знамето се наоѓа грбот на Општина Берово во бордо-црвена боја, во кој има приказ на Беровското Езеро со браната, манастир и борова шума, а под штитот има книга и напис „Берово“.[1] Понекогаш наместо сината позадина може да се сретне и бела позадина на знамето.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Знаме на Берово“. Посетено на 2011-08-05.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уредиОваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |