Знаме на Катар
државно знаме
Знамето на Катар (арапски: علم قطر) е национално знаме на државата. Ова знаме има сооднос од 11:28 со лилава асиметрична вертикална половина со девет краци (линии) и со бела втора половина. Знамето на Катар е единственото национално знаме со ширина повеќе од двојно поголема од неговата висина[1]
Употреба | државно и пловно знаме |
---|---|
Усвоено | 9 јули 1971 |
Опис | Асиметрично вертикално двобојно знаме во бела и лилава боја со девет краци. |
Значењето на катарското знаме е:
- белата боја ја означува меѓународно признатата боја на мирот,
- лилавата боја ја означува пролеаната крв на катарците за стекнување на независноста,
- деветте краци или јазли означува дека Катар е деветти член на Емиратите на Персискиот Залив.
Знамето било официјално прифатено на 9 јули 1971 година иако многу слично знаме, скоро идентично, било користено до 1949 година. Ова знаме е слично со знамето на Бахреин, кое има помалку црвени јазли со различен сооднос на знамето.
Историски знамиња
уредиНаводи
уреди- ↑ ".(28:11) عند استخدام العلم خارج المباني، داخل دولة قطر، فإنه يجب أن تكون النسبة بين طول وعرض العلم" (When using a flag outside of buildings within the State of Qatar, the ratio between the length and the width of the flag should be 11:28.) - Law No. 14 on the Flag of Qatar - Qatar Legal Portal