Знамето на Бахреин (арапски: علم البحرين) е националното знаме на државата и се состои од две вертикални асиметрични полиња од кои левото е бело, додека десното е црвено и формира пет триаголници. Црвената боја е традиционална боја за земјите од Персискиот Залив. Петте триаголници ги претставуваат петте столба на Исламот.

Знаме на Бахреин со сооднос 3:5
Знамето на Бахреин кое се користело од 1972 до 2002.

Историја

уреди

Најстарото бахреинско знаме кое е познато е чисто црвено. Во 1820, Бахреин потпишал договор со Обединетото Кралство и на знамето се додало бело поле. Во 2002 година се сменило знамето на Бахреин и од 28 јазли се добиле само пет.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди