Знаме на Абхазија

(Пренасочено од Знаме на Апхазија)

Знамето на Абхазија е официјалното знаме во оваа непризната република кое е создадено во 1991 година.[1] Знамето било официјално усвоено на 23 јули 1992.[2]


Знаме на Абхазија
}}
Усвоено 23 јулу 1992
Опис Седум хоризонтални ленти во зелена и бела боја со симбол на Апхаското Кралство во кантон.
Претседателски знаме.

Знамето е составено од седум еднакви хоризонтални ленти, четири во зелена и три во бела боја. Лентите се инспирирани од Планинска Република Северен Кавказ. Бројот седум е свет број за Апхазите, додека зелена и белата боја симболизира толеранција помеѓу Христијаните и Муслиманите. Во горниот лев агол има црвен квадрат и е инспириран од симболот на Апхаското кралство. Отворената бела рака значи „Здраво за пријателите! Стоп за непријателите“.[3] Седумте ѕвезди кои се над раката ги симболизираат седумте историски региони на Абхазија: Саѕен, Бзид, Гума, Абжива, Саурзакан, Далцабач и Пскуј-Аибга.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Аргун Ю.Г. (Argun Yu. G.), О Государственном флаге Архивирано на 28 септември 2007 г. (On the state flag (XLVIII итоговая научная сессия (11-13 мая). тезисы докладов. - Сухум: АбИГИ, 2004, с. 3-4)
  2. „Abkhazia (Georgia)“. FOTW Flags Of The World. 2009-08-15. Посетено на 2009-10-31.
  3. http://www.ahakuytra.com/abhazya-sehitleri/247-abhazya-bayraginin-anlami.html
  4. „Государственные символы“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2010-06-22.

Надворешни врски

уреди