Змејови во грчката митологија
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Змејовите играат значајна улога во старогрчката митологија.
Потекло
уредиЗа потеклото на зборот "змеј" се спомнувале 2 теории. Едната тврдела дека доаѓа од грчкиот збор drakōn, а втората тврдела дека произлегува од поим кој го користел Хомер "δέρκεσθαι", што означувал "посебен поглед", означувајќи го необичниот сјај во змејските очи. Старите Грци го применувале терминот за големи змии.
Даниел Огден смета дека има три начини да се објасни потеклото на грчките митови за змејот, првата дека е реконструкција од индоевропска митологија, втората како адаптација од митологијата на Блискиот Исток, а третата дека произлегува од некоја специфична митологија. Во врска со првата теорија, Огден тврди дека таа не е веродостојна. За него само митологијата од Блискиот Исток е веродостојна.
Список на змејови
уредиТајфун
уредиТајфун бил најстрашното суштество во старогрчката митологија. Последниот син на Гаја, Тајфун, заедно со неговиот пријател Ехидна, бил татко на многу други суштества. Најчесто, го замислувале како човек од половината нагоре, а како змија од половината надолу.
Лејден
уредиЛејден претставувал змеј кој наликувал на змија. За Лејден се сметало дека има сто глави. Тој бил евентуално убиен од Херакле. После неколку години, Аргонаути поминувале покрај истото место каде што змејот бил убиен, поминувајќи го слушнале плачот на „сјајниот“ Агил, еден од Хасперидесите, додека до него го забележале Лејден. Ова суштеството е поврзано со со coѕвездието Драко.
Лернејска хидра
уредиЛернејската хидрa претставувала водна змија со отровен здив, крв и канџи, ќерка на Тајон и Ехидна. За суштеството се смета дека има некаде помеѓу 5 и 100 глави, иако повеќето извори кажуваат дека има помеѓу седум и девет. За секоја отсечена глава, уште една или две растеле на нејзиното место. Имала бесмртна глава која ќе останела жива откако ќе била отсечена. Некои извори тврдат дека бесмртната глава била направена од злато. Живеела во мочуриште близу Лерна и честопати го тероризирала градското население сè додека не била убиена од Херакле, кој и ги отсекол главите, со помош на неговиот внук Јолаус. Хера пробал да ѝ помогне на хидрата прајкајќи џиновски рак кој требал да му го одвлече вниманието на Херакле, но тој едноставно го смачкал под ногата. Во чест на ракот,Хера го создал соѕвездието рак. По смртта на хидрата, Херакле ја закопал нејзината глава под карпа, а неговите стрели ги натопил во крвта на суштеството за да ги направи фатални за неговите непријатели.
Питон
уредиВо старогрчката митологија питонот претставувал земски змеј на Делфи. Тој секогаш бил претставен на сликите како змија. Различни митови тврделе дека тој има два пола, машки и женски. Питонот бил хетонскиот непријател на Аполо, кој подоцна го убил.
Постојат различни верзии за раѓањето и смртта на Питон во рацете на Аполо. Најрано, Хомерската химна до Аполо, дала малку детали за борбата на Аполо со змијата или нејзиното родителство. Верзијата поврзана со Хигин тврди дека кога Зевс бил заедно со божицата Лето, која требала да ги испорача Артемида и Аполо, Хера го испратил Питонот да ја гони низ целата земја, за да не може да ги испорача. Така кога новороденчето пораснало, почнал да го прогонува питонот, следејќи го до планината Парнасус каде што живеел. За да се осигура дека суштеството нема да прави повеќе проблеми, тој се осмелил да навлезе во светиот предел и да го убие со помош на неговите стрели, покрај престолот на божицата. После овој настан, божицата која владеела во Делфи била позната како Питија, по местото Питон, кое го добило името по трупот на суштеството, откако било убиено.
Колхски змеј
уредиПознат како Drakôn Kolkhikos. Оваа неизмерна змија, била дете на Тајфун и Ехидна, која го чувала Златното руно на Колхис. Се кажувало дека никогаш не спие. Според Овид, суштеството имало три јазици. Кога Џејсон отишол да го земе руното, вештерката Медеја со помош на нејзината магија го присилила суштеството да заспие, за да му овозможи на Џејсон да го земе златното руно.
Змеевите на Хелиос
уредиСпоред Аполодорус, богот на сонцето Хелиос имал кочија, која била влечкана од страна на „крилести змееви“. Подоцна оваа кочија и ја предал на својата внука Медеја.
Скитски дрејко
уредиПретставуал жена од половината нагоре, а надолу имал опашка од змија наместо нозе. Кога Херакле патувал низ Скитија заедно со говедата на Герион, тој одлучил да преспие, во времето кога тој спиел, суштеството одлучило да украде дел од стадото. Кога Херакле се разбудил тој пробувал да го најде делот од стадото кој фалел, ги посетил сите делови на земјата, за накрајот да дојде до земјата наречена Хилеја суштеството го пронашол во пештера, исто така дознал дека била кралица на тој предел. Таа инсистирала да се спријатели со Херакле, пред тој да се врати.