Златарска сиријада

Златарската сиријада е манифестација, која е создадена во 1997 година, како своевиден натпревар за производителите на златарско сирење. Од 2013 година се одржува во Нова Варош во рамки на манифестацијата Златарфест.[1]

Златарското сирење од јуни 2013 година официјално е заштитен бренд со географска ознака на потекло во Заводот за заштита на интелектуалната сопственост.

Првата златарска сиријада била одржана на 12 јули 1997 година во Булатовиќи, на фармата на земјоделската задруга од Нова Варош. Нема пишани траги за учесниците, но според сеќавањето на организаторите имало околу дваесетина натпреварувачи - производители на златарско сирење. До сега се одржани вкупно 18 златарски сиријади, од кои најголем број во селото Божетиќи. Здружението на сточари „Увачка река млека“, во 2009 година, учествува во организацијата на „Златарска сиријада“.

Во рамките на оваа манифестација, покрај натпреварот и изложбата на најдобрите сирења од Златар, се одржува и натпревар во правење на најдобра пита со хелда (хељдопита), која без неизоставните состојки на златарско сирење и злаарска хелда од падините на Златара не би била посебна.

 

Наводи

уреди
  • „Званична презентација“. Златарски сир. Архивирано од изворникот на 19 ноември 2017. Посетено на 2 декември 2017.
  1. „Златарфест“. ТСЦ Златар. Архивирано од изворникот на 2022-01-20. Посетено на 2 декември 2017.