Златан Аломеровиќ

Златан Аломеровиќ (роден на 15 јуни 1991 година) е српско - германски фудбалер кој игра на позицијата голман. Моментално настапува за клубот на Јагиелонија Бјалисток во Полска.

Раниот живот, младоста

уреди

Аломеровиќ е етнички Бошњак, роден во Пријепоље, во југозападна Србија (во тоа време сè уште СФР Југославија). Тој пристигнал во Германија во 1999 година на осумгодишна возраст со своето семејство и израснал во месноста Рур во покраината Северна Рајна-Вестфалија. Аломеровиќ има германски и српски пасош , тој се здобил со германски пасош преку поддршка на организацијата на БВБ (тимот на Борусија Дортмунд).[1]

Клупска кариера

уреди

Борусија Дортмунд

уреди

Во 1999 година, по емиграцијата на Аломеровиќ во Германија од поранешна Југославија, тој се запишал на фудбалската академијата на ТуС Хевен, а потоа се запишал една година и на академијата на клубот СВ Бомерн 05. Подоцна минал во академијата на клубот СВ Хербеде, а на крајот се запишал и на фудбалската академија на ФСВ Витен до крајот на сезоната 2005–2006.[2] Во сезоната 2006-2007, Аломеровиќ бил запишан во академијата на Борусија Дортмунд.[3]

Во сезоната 2010–2011, Аломеровиќ дипломирал на БВБ академијата во Борусија Дортмунд II каде играл во регионалната Фудбал-Регионалната лига[4] На 19 март 2011 година, Аломеровиќ го одиграл својот единствен натпревар за Борусија Дортмунд II во сезоната 2010–2011 во нерешениот натпревар од 2:2 против вториот тим на екипата на Фортуна од Диселдорф.[5] Во сезоната 2011–2012, новиот менаџер на Борусија Дортмунд II, Давид Вагнер, правел одредени системски промени и промени на позицијата голман по секој втор натпревар. Подоцна Аломеровиќ го одиграл својот прв натпревар под водство на Давид Вагнер во победата на Борусија Дортмунд II на гостински терен со 4:0 против вториот тим на Шалке 04 од Гелзенкирхен.[4][6]

Во сезоната 2012-2013, на 21 јули 2012 година, Аломеровиќ го одиграл својот прв натпревар од 2012-2013 за Борусија Дортмунд II и воедно тоа бил прв професионален фудбалски натпревар во германската 3. Лига против тимот ВфЛ Оснабрик.[7] На 18 мај 2013 година, го одиграл својот втор натпревар во сезоната 2012-2013 во победата од 1:0 на гостински терен против тимот на ВфБ Штутгарт II. На крајот на сезоната 2012-2013, Аломеровиќ бил прекомандуван во првиот тим на гигантот Борусија од Дортмунд. Во сезоната 2013-2014 во Бундеслигата тој потпишал 1 годишен договор со Борусија Дортмунд и тоа со важност до 30 јуни 2014 година.[8]

Корона Киелце

уреди

На 8 јули 2017 година тој потпишал договор со екипата од полската Екстракласа лига, Корона Киелце.[9]

Признанија

уреди

Клуб

уреди

Борусија Дортмунд

  • Освоен е ДФЛ-Суперкуп: 2014 година

Легија Гдањск

  • Освоен е Полски куп: 2018–19
  • Освоен е Полски Суперкуп: 2019 година

Наводи

уреди
  1. Note in galleries 14/2013, S. 25
  2. The dream of every boy Архивирано на 9 јуни 2016 г. (in German). derwesten.de. 5 January 2010.
  3. Zlatan Alomerović - personal data (in German). bvb.de.
  4. 4,0 4,1 „Zlatan Talal benefits from the new system“ (германски). derwesten. de. Архивирано од изворникот на 2013-09-29. Посетено на 27 April 2012.
  5. Fortuna Düsseldorf II 2-2 Borussia Dortmund II (in German). weltfussball.de.
  6. Dream of Bowl, Cup and the ascent (in German). reviersport.de.
  7. VfL Manno and ZOLLER with opening threesome (in German). kicker.de.
  8. Extended goalkeeper Zlatan Talal (in German). bvb.de.
  9. „Nowi zawodnicy w Koronie“ (полски). 90minut. 8 July 2017. Посетено на 8 July 2017.