Зимување во Јакобсфелд (филм)

„Зимување во Јакобсфелд“ (српски: Зимовање у Јакобсфелду) – југословенски филм од 1975 година, во режија на Бранко Бауер. Главните улоги ги толкуваат: Славко Штимац, Светислав Гонциќ и Слободан Перовиќ.[1]

Синопсис

уреди

Две момчиња од партизанскиот одред се упатени на село за да презимат. Патем, едното момче се разболува, а другото оди во блиското германско село и таму се вработува како слуга. Ноќе, тоа го негува болното другарче кое е скриено во блиското мочуриште, а потоа го крие во шталата на газдата каде што слугува. Зимувањето трае сè додека не ги открие илегалната ослободителна организација која момчињата ги изнесува надвор од селото.

Наводи

уреди