Зенит — замислена точка која се наоѓа во местоположба „над“ одредено место, на замислената небесна сфера. „Над“ ја означува вертикалната насока на гравитациската сила која е во спротивна насока од насоката на зенитот. Со спротивна насока се означува насоката на гравитацијата којашто е насочена кон надирот.

Дијаграмот кој ја прикажува врската меѓу зенитот надирот, и различните видови на хоризонти. Сè забележува дека зенитот е во спротивна насока од надирот.

Зенит може да се користи како и име коешто означува успех и моќ.

Потекло

уреди

Потеклото на зборот „зенит“ е праиндоевропско и се дефинира како '*mei-' („да се промени“). Во латинскиот јазик се сретнува како 'meare' („да се помине“). Со претставката 'sē-' („настрана“) се добива обликот 'sēmeare' („да се разграни“). Тогаш e обликувана именката 'sēmita' што означува странично („странично“).[1] Кога Римјаните ја зазедоа Сирија, краток период пред времето на Христа, месните жители Арамејците го присвоиja зборот 'sēmita' како 'simta' („странично“).[2] По заминувањето на Римјаните, и какошто Арапите ја заземаа земјата во VII век тие го презедоа арамејскиот збор 'simta' како 'samt' („настрана“) и од него изведоа нови астрономски изрази.[3] Зборот „зенит“ потекнува од неточното читање на арапскиот израз سمت الرأس (samt ar-ra's), што означува „насочување на главата“ или „патека над главата“, какошто е наведено во записите од средниот век на латински јазик (за време на XIV век), а можно е и да потекнува од старите шпански записи. Подоцна беше сведено на 'samt' („насока“), а воедно и неточно запишан како 'senit'/'cenit', во текстовите „m“ било погрешно читано како „ni“. Во XVII век за првпат се сретнува во старофранцускиот јазик зборот 'cenith', 'zenith'.[4][5]

Значење и употреба

уреди
 
Сенката на дрвјата кога Сонцето е точно над нив (во зенит). Ова се случува во периодот на сончевото пладне ако во тој момент должината на дрвјата е еднаква со сончевата деклинација

.

Поимот зенит понекогаш се користи за да се означи највисоката точка достигната од некое небесно тело во текот на својата привидна орбита од дадена точка на набљудување.[6] Оваа значење на зборот често се користи да се опише местоположбата на Сонцето („Сонцето го постигнало својот зенит...“), но за еден астроном Сонцето нема сопствен зенит, и е во зенитот само ако е точно над него.

Во науката, зенитот е насоката со која се означува мерењето на аголот на зенитот, аголот помеѓу насоката во која се одвива набљудувањето (пример, ѕвезда) и локалниот зенит.

Во астрономијата, висината во хоризонтскиот координатен систем и аголот на зенитот се комплементарни агли, при што хоризонтот е нормален на зенитот. Астрономскиот меридијан исто така е определен од зенитот, и се опишува како круг на небесната сфера кој поминува низ зенитот, надирот и небесните полови.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Wyld, Henry Cecil Kennedy (1932). Universal Dictionary of the English Languages. стр. 715, 1089.
  2. Avinoam, Reuben (1968). Compendious Hebrew – English Dictionary. Tel Aviv: Dvir.
  3. Fraenkel, Siegmund (1886). Die aramaeischen Fremdwoerter im Arabischen. Leiden.
  4. „Etymology of the English word zenith“. My Etymology. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на March 21, 2012.
  5. „Zenith“. Dictionary.com. Посетено на March 21, 2012.
  6. „Zenith“. Merriam-Webster. Посетено на March 21, 2012.