Земјоделска партија (Југославија)

Земјоделска партија била политичка партија која го претставувала селанството во Кралството СХС, подоцна Југославија.

Земјоделска партија
Земљорадничка странка
Zemljoradnička stranka
ВодачМихајло Аврамовиќ (1919–23)
Јован Јовановиќ Пижон (1923–39)
Бранко Чубриловиќ (1939–41)
Основана12 октомври 1919
Распуштена1945
ИдеологијаАграризам
Парламентаризам
Полит. положбаДесен центар
Политика на Југославија
Политички партии
Избори

Историја

уреди

Со формирањето на Кралството СХС на 1 декември 1918 година била создадена нова рамка за политичко организирање и делување. Претходните неуспеси и влошената состојба на селаните после војната дале нов замав на селанските организации преку политичко делување да го решат нивното прашање. На 1 и 2 август 1920 година во Белград бил одржан Првиот конгрес на земјоделците на Кралството СХС, на кој присуствувале 2.000 претставници од Србија, Војводина, Далмација, Хрватска, Славонија и Словенија.

Сојузот на земјоделците сè до почетокот на изборите во 1920 година не успеал да се конституира како единствена партија, па било договорено секоја селанска политичка организација самостојно да излезе на изборите. Сепак, претставниците се договориле за меѓусебно поврзување на селанските организации во државата поради создавање на единствена југословенска земјоделска партија. Конечно, на 12 декември 1920 во Белград со спојување на Сојузот на земјоделци од Србија, Сојузот на земјоделци од БиХ, далматинската Земјоделска партија и Земјоделската партија од Словенија формирана е нова заедничка партија под името Сојуз на земјоделците (Земјоделска партија).

На почетокот делувала на подрачјето на целата тогашна држава, но политичкото делување на партијата било во знак на постојани конфликти со други партиски групации кои исто така настојуваат да остварат влијание на селанските маси, што ги продлабочило и судирите и во водството на партијата на десно и лево крило. Тоа се одразило и на губиток на мандати на парламентарните избори. Од неа нешто подоцна под водство на Драгољуб Јовановиќ се издвоила лево ориентираната Народна селанска партија.

Работата на партијата престанала во 1945 година, кога била забранета.

Водачи

уреди