Принципи на политичката економија
Принципи на политичката економија или во полн наслов За принципите на политичката економија и оданочувањето (англ. On the Principles of Political Economy and Taxation) е книга од Давид Рикардо издадена во 1817 г. во која главна тема на обработка е економијата. Книгата дава заклучок дека наемнината на земјата расте како што се зголемува бројот на населението. Тука јасно се изложува теоријата на компаративна предност, во која авторот тврди дека сите земји можат да имаат корист од слободна трговија, дури и кога една земја нема апсолутна предност во сите сектори на стопанството.
Насловна страница на првото издание | |
Автор | Давид Рикардо |
---|---|
Изворен наслов | On the Principles of Political Economy and Taxation |
Земја | Англија |
Јазик | англиски |
Предмет(и) | Економија |
Издавач | Џон Мари |
Издадена | 1817 |
Во предговорот Рикардо тврди дека Тирго, Стјуарт, Адам Смит, Жан Батист Сеј, Сисмонди и други немаат напишано доволно „задоволителни информации“ на теми како наемнина, добивка и надница. Делото „Принципи на политичката економија“ претставува очигледен напор од страна на Рикардо, да ја пополни таа празнина во литературата. Без оглед на тоа дали книгата ја постигнува зацртаната цел, со ова значајно дело, (според Роналд Макс Хартвел), Рикардо го обезбедил своето место меѓу големите класични економисти како Адам Смит, Томас Малтус, Џон Стјуарт Мил и Карл Маркс.
Надворешни врски
уреди- „За принципите на политичката економија и оданочувањето“ од Давид Рикардо. Целосен, наполно пребарлив текст. (англиски)
- Биографија на Давид Рикардо (англиски)
Оваа статија од областа на економијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |