Принципи на политичката економија или во полн наслов За принципите на политичката економија и оданочувањето (англ. On the Principles of Political Economy and Taxation) е книга од Давид Рикардо издадена во 1817 г. во која главна тема на обработка е економијата. Книгата дава заклучок дека наемнината на земјата расте како што се зголемува бројот на населението. Тука јасно се изложува теоријата на компаративна предност, во која авторот тврди дека сите земји можат да имаат корист од слободна трговија, дури и кога една земја нема апсолутна предност во сите сектори на стопанството.

Принципи на политичката економија
Насловна страница на првото издание
АвторДавид Рикардо
Изворен насловOn the Principles of Political Economy and Taxation
Земја Англија
Јазиканглиски
Предмет(и)Економија
ИздавачЏон Мари
Издадена
1817

Во предговорот Рикардо тврди дека Тирго, Стјуарт, Адам Смит, Жан Батист Сеј, Сисмонди и други немаат напишано доволно „задоволителни информации“ на теми како наемнина, добивка и надница. Делото „Принципи на политичката економија“ претставува очигледен напор од страна на Рикардо, да ја пополни таа празнина во литературата. Без оглед на тоа дали книгата ја постигнува зацртаната цел, со ова значајно дело, (според Роналд Макс Хартвел), Рикардо го обезбедил своето место меѓу големите класични економисти како Адам Смит, Томас Малтус, Џон Стјуарт Мил и Карл Маркс.

Надворешни врски уреди