За Вилхелм (некаде се сретнува и За Вилијам) или само Вилхелм (хол. Het Wilhelmus) е официјална државна химна на кралството Холандија. Иако официјално како химна не била прифатена сè до 1932 година, таа била многу популарна меѓу холандското население и неколкупати се појавувала во историјата на кралството, пред да го стекне денешниот статус.

Het Wilhelmus
макед. За Вилхелм
Текст и ноти на химната

национална химна на  Холандија
Текстнепознат
МузикаАдријан Валериј
Усвоена1932 г.
Звучен извадок
инструментална верзија

Оваа песна е посветена на Вилхелм I Молчеливиот(Вилхелм од Насау или Вилхелм Орањски), Принц на Орање и водач на холандската револуција против шпанскиот крал од XVI век[1]. Текстот е напишан помеѓу 1568 и 1572 година, за време на холандското востание против Шпанија. Се претпоставува дека автор би можел да биде Филип ван Марникс, писател, државник и поранешен градоначалник на Антверпен.

Целосниот текст на песната е многу долг и има 15 строфи, а во официјални пригоди се исполнува само првата строфа. Мелодијата потекнува од песна на француските католички војници под наслов "Autre chanson de la ville de Chartres assiégée par le prince de Condé" ("Друга песна за градот Чартр под опсада од страна на принцот де Конде ") и за првпат била напишана во 1574 година[2]. Како што било вообичаено во тоа време, песната била прифатена и адаптирана од протестантите кои биле под опасада и таа брзо се проширила на територијата на денешна Холандија.

Холандскиот поет и композитор Адријан Валериј ја запишал “За Вилхелм“ во неговата "Nederlantsche Gedenck-clanck" во 1626 година, при што го забавува темпото на мелодијата, веројатно за да овозможи да се пее во црквите. Денешната официјална верзија е прифатена во 1932 година, во аранжман на Валтер Боер[3].

Оваа химна се смета за најстара државна химна во светот[4], иако текстот на јапонската државна химна (но, не и музиката) датира од IX век[5].

Текст

уреди

холандски

Wilhelmus van Nassauwe
ben ik, van Duitsen bloed,
den vaderland getrouwe
blijf ik tot in den dood.
Een Prinse van Oranje
ben ik, vrij onverveerd,
den Koning van Hispanje
heb ik altijd geëerd.

Mijn schild ende betrouwen
zijt Gij, o God mijn Heer,
op U zo wil ik bouwen,
Verlaat mij nimmermeer.
Dat ik doch vroom mag blijven,
uw dienaar t'aller stond,
de tirannie verdrijven
die mij mijn hart doorwondt.

македонски

Вилхелем од Насау
јас, со германска1) крв,
верен на татковината
до смртта ќе бидам јас.
Принц Орански
сум јас, слободен и без страв,
Кралот на Хиспанија
секогаш сум го славел.

Мој штит и потпора
си ти, о Боже, мој Господе,
Тоа си оној на кого сакам да се потпрам,
никогаш не напуштај ме повторно.
Дај ми да останам храбар,
Твој слуга засекогаш,
и да ја поразам тиранијата
што го прободува моето срце.

Белешки

уреди

1) Во овој контекст се мисли на Светото Римско Царство.

Наводи

уреди
  1. „CF.hum.uva.nl“. Архивирано од изворникот на 2011-07-18. Посетено на 2011-04-30.
  2. „The Dutch Royal House“. Архивирано од изворникот на 2008-02-10. Посетено на 2011-04-30.
  3. „Koninklijkhuis.nl“. Архивирано од изворникот на 2011-05-18. Посетено на 2011-04-30.
  4. national-anthems.org - facts
  5. „national-anthems.org - Sheet music“. Архивирано од изворникот на 2017-09-17. Посетено на 2011-04-30.