Зацврстување на народниот јазик во црковната литература до почетокот на 19 век

Од 14 век во Македонија започнува да се засилува влијанието на српската варијанта на старословенскиот јазик. Причина за тоа било приклучувањето на Македонските краишта кон тогашната српска држава. Тоа влијание се однесува главно, на правописот. Покрај тоа, во книжевните споменици од тоа време се повидливи се и трагите од современите живи македонски говори. Во старословенската основа на писмениот јазик.

Во времето на Отоманското Царство писменоста доживува опаѓање. Нејзиниот јазик уште повеќе се оддалечува од старословенската основа, затоа што во живиот народен говор веќе биле насобрани повеќе изразити промени. Покрај црковните богослужбени книги, во кои повеќе се водело сметка за старата писмена словенска традиција, се појавуваат сè повеќе и такви текстови што служат за читање на поширок круг луѓе или претставуваат натписи за практична употреба.

Во 16 век се печатат и книги во Србија и Венеција. Во 17 век веќе доаѓаат во големи количества црковни книги печатени во Русија на рускословенски јазик.

Извори и споменици

уреди

Еве некои споменици што се пишувани за времето на турското ропство:

Напишан на народен јазик - тетовскиот говор со мали примеси од црковниот јазик. Има дамаскинска содржина.

  • Четиријазичникот на Ѓорѓи Пулевски, речник на четири јазици, отпечатен во Белград во 1873 година. Пишуване на четири јазици: српско - албански, албанско арнаутски, турски и грчки.
  • Речник од три јазици на Ѓорѓи Пулевски. Овој речник се состои од прашања и одговори кои се дадени на три јазика: македонски, албански и турски. Отпечатен е во Белград во 1875 година.