Захариј (охридски архиепископ)
Захариј бил православен свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот по 1482 година или подоцна[1].
Захариј | |
---|---|
Службата завршила | ок. 1482 |
Претходник | Николај II |
Наследник | непознато |
Лични податоци | |
Роден | 15 век |
Починал | 15 век |
Тој е споменат во житието на цариградскиот патријарх Нифон II во годините 1486, 1489, 1497, 1498 и 1502 година.[2] Нифон II престојувал во Охрид пред да стане солунски митрополит во 1482 година. [2]
Бил благороден и образован човек. Пред да стане митрополит престојувал на Света Гора, а потоа отишол во Нарда, каде што учителствувал. Оттаму заминал во Албанија, каде проповедел против унијата со Римокатоличката црква (Флорентинскиот собор), каде определен период поминал кај Скендербег во Кроја. Под паѓањето на Цариград под Турците, отишол во охридскиот манастир Св.Богородица. По смртта на Николај II бил избран за негов наследник.[2]