Зарих (хинди: ज़रीह) или дарих (арап. ضَرِیح) ― украсена, обично позлатена, решеткаста конструкција, која опфаќа гроб во џамија или исламски храм.

Зарихот на Сукајна бинт Хусајн, во џамијата Сејуде Рукаја.
Зарихот на Џунајд Багдадски и помалиот дрвен зарих на Сари ал-Сакати.

Зарихите служат како обележје за гробниците на верските личности и како симбол на нивната света природа. Зариховите се финансираат од дарувања, според шиитите, се смета за благослов да се направи тоа. Изградбата и монтажата на зариховите често се прават на волонтерска основа, направени како вакаф, а нивните создавачи не бараат плата за нивната работа.[се бара извор]

Зарихот е изграден од фини материјали од вешти мајстори, од калиграфи, металци, златарници, столари и инженери. Зариховите можат да бидат со големина на мала соба и најчесто се градат рачно во постапка која често трае неколку години. Не се сите зарихи со ист квалитет; сепак, најсложените зарихи пронајдени, често се наоѓаат во светилиштата на шиитските имами и ретко се градат, на овие зарихи им треба подолго време за да бидат изградени и користат пософистицирани материјали и методи. 

Ѕидовите на зарихот се полни со стихови од Куранот, имиња на свети фигури и други религиозни уметнички дела. Значајни градби се наоѓаат во светилиштето Имам Хусеин, џамијата ел-Абас, џамијата Сејуде Рукаја, џамијата Абдул Кадир Џилани, Џунајд Багдадски со храмот Сари ал-Сакати и џамијата Имам Али.

Зарихот на Емамзадех Јахја (во Мијами, Машхад, Хорасан, Иран).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди