Заноне е остров во Тиренското Море во близина на западниот брег на Италија и е дел од Понцијанските Острови кој административно припаѓа во општината Понца. Целиот остров е 1 км2 во големина и на околу 10 километри оддалеченост од островот Понца.[1]

Заноне
Zannone
Поглед на Заноне
Географија
МестоТиренско Море
Средоземно Море
Координати40°58′14″N 13°03′18″E / 40.970445° СГШ; 13.054929° ИГД / 40.970445; 13.054929
Површина1 км2
Држава
РегионЛацио
ПокраинаЛатина
ОпштинаПонца
Демографија
Население0

Опис

уреди

Тоа е дел од Националниот парк Чирчео поради својата убавина и неколку ретки биоми. Островот е пуст, но надгледуван од страна на Шумска служба, со станица и мала образовна изложба на врвот Монте Пелегрино, највисоката точка на островот. На островот постојат урнатини на еден бенедиктински манастир кој датира од 13 век. Изградена врз овој поранешен манастир постои и една вила во колонијален стил, порано дом на маркизот Казати Стампа и неговата сопруга Ана Фаларино[1], кои биле домаќини за оргии на островот.[2] За посета на островот не треба посебна дозвола, но Заноне нема туристички капацитети и кампувањето и забрането, како и преноќувањето на островот[1], иако биолози, научници и набљудувачи на птици имаат добиено дозволи за кампување, во тек на ноќта на островот.[2]

Достапност

уреди

Заноне е достапен само со брод од Понца. Поранешни рибари нудат денски патувања, вклучувајќи ручек на брод, кој тргнува од пристаништето во Понца во 11 часот наутро и го напушта Заноне за враќање во Понца во 5 часот[2]

Островот бил користен како приватен ловечки резерват од италијанската аристократија. Стотици муфлонски диви овци биле донесени на Заноне. Овците се сега заштитени видови.[2]

Светилникот Пунта Варо

уреди

На островот има светилник наречен Пунта Варо.

 
Заноне

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 https://edition.cnn.com/travel/article/italy-zannone-orgy-isle/index.html Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „ip“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Marchetti, Silvia. „Zannone: Italy's forbidden 'orgy island'. CNN.

Надворешни врски

уреди