Залау е град во Романија. Се наоѓа во северозападниот дел на земјата, во историската провинција Трансилванија. Залау е административен центар на областа Салаж.

Залау

Залау зафаќа површина од 90 км² и според последниот попис во 2002 година, во градот живееле 71.326 жители.

Географија уреди

 

Градот Залау се наоѓа во крајниот северозападен дел на историската провинција Трансилванија, на самата граница со соседните провинции Крисана и Марамуреш. Градот се наоѓа на северните падини на планината Бихор, недалеку од долината на реката Самос (североисточно од градот). Градот бил формиран како станица на патот од Трансилванија кон северна Панонија.

Популација уреди

Домородните Романци денес го сочинуваат мнозинството од градското население на Залау, но градот сè уште има мултиетничка структура, која е карактеристична за градот со векови. Единствената разлика е во тоа што во текот на 20 век, Унгарците од мнозинство станале малцинско население. Според последниот попис од 2002 г. структурата на населението била следна:

Градови партнери уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди