Зази во метрото (филм од 1960)
филм од 1960
„Зази во метрото“ (француски: Zazie dans le metro) - француски филм од 1960 година, во режија на Луј Мал (Louis Malle), заснован врз истоименото дело на францускиот писател Ремон Кено (Raymond Queneau). Главните улоги ги играат: Филип Ноаре (Philippe Noiret), Катрин Демонжо (Catherine Demongeot), Ибер Дешан (Hubert Deschamps) и Антоан Робло (Antoine Roblot).
Синопсис
уредиЕдинаесетгодишното девојче од провинцијата, Зази (ја игра Демонжо), доаѓа во посета на својот вујко Габриел (го игра Ноаре) во Париз. Таа гори од желба да се вози со метрото, меѓутоа тоа не работи поради штрајкот на вработените. Девојчето за тоа ги обвинува возрасните и одлучува самата да си создаде забава поради која го принудува вујкото на бркотница низ Париз...[1]