Рот (Костурско)

река во Костурско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Загоричанска Река)

Рот или Загоричанска Река (грчки: Ρέμα Βασιλειάδος, во превод: Загоричанска река; до 1969 г. Ρὸτ[1]) — река во Костурско, Егејска Македонија, лева притока на Стара Река (Ксиропотамос). Влегува во сливното подрачје на Костурското Езеро.[2]

Рот
Ρέμα Βασιλειάδος
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајКостурско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоВич
 • координати40°34′52″N 21°27′07″E / 40.5812° СГШ; 21.4520° ИГД / 40.5812; 21.4520
Устие 
 • место
Стара Река кај Б’мбоки
 • координати
40°33′07″N 21°24′00″E / 40.5519° СГШ; 21.3999° ИГД / 40.5519; 21.3999
Особености на сливот

Опис

уреди

Реката се образува веднаш западно од Загоричани со слевањето на реките Дива Череша и Суха или Селска Река, која проаѓа низ селото.[2][3] Дива Череша извира под врвот Врбица на Вич и тече на југозапад.[2] Во 1969 г. името на реката е сменето од Дива Череша (Ντίβα Τσέρεσι) во Рема Агриокерасија (Ρέμα Αγριοκερασιάς),[1] во превод Црешова Река. Суха Река извира исто така од Вич, западно од врвот Шубрец (1.623 м).[2] По спојот на двете реки, реката тече во југозападен правец во регулиран канал, кој пак се влева во Стара Река северно од Б’мбоки.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 712. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  3. Клинчаров, Иван (1926). Димитър Благоев. История на неговия живот. Печатница „Земеделско знаме“. стр. 16.