Жолт Змеј
Жолт Змеј (упростен кинески: 黄龙; традиционален кинески: 黃龍; пинјин: Huánglóng; јејлско кантонски: Wong4 Lung4) ― зооморфна инкарнација на Жолтиот император на средиштето на универзумот во кинеската религија и митологија.[1]
Жолтиот император или жолтото божество било зачнато од Фубао, која забременила откако видела жолт зрак светлина што се врти околу Северната Кола (во кинеската теологија главниот симбол на бог). Дваесет и четири месеци подоцна, е роден Жолтиот император и бил поврзан со жолтата боја бидејќи таа е бојата на земјата (Ди 地), материјалната супстанција во која се инкарнирал.[1]
Жолтиот Змеј е дел од Вуксинг и Четирите Симболи.
Митови за Фукси и Хуангди
уредиСпоред легендите, Жолтиот Змеј веќе му се манифестирал без рогови на Фукси, излегувајќи од реката Луо и го поучил со елементите на пишување. Кога се појавил пред Фукси, наполнил дупка на небото направена од чудовиштето Гунггунг.
За Жолтиот император се вели дека на крајот од својот живот се претворил во облик на Жолтиот Змеј за да се искачи на рајот. Бидејќи Кинезите го сметаат за нивен предок, тие понекогаш се нарекуваат себеси како „деца на змејот“. Оваа легенда придонесла и за употребата на кинескиот змеј како симбол на империјаторската моќ.
Кинеското национално знаме од 1889-1912 година се нарекува и Знаме „Жолт Змеј“ (黄龙旗;黃龍旗; хуанглонг ќи).
Други употреби
уредиВо културата на Источна Азија, Жолтиот Змеј е петтиот симбол што го комплетира Сиксјанг (Четири Симболи). Ова божество е средиште на космосот и го претставува елементот земја, кинеската квинтесенција, како и промената на годишните времиња.
Жолтиот Змеј не се појавува во јапонската митологија: петтиот елемент во јапонскиот елементарен систем е празнината, така што не може да има животно што го претставува. Сепак, некои го сметаат Орју за јапонски пандан на Жолтиот Змеј, бидејќи тие делат некои сличности.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Tan (2015).
Дополнителна книжевност
уреди- Tan, Shirley; Beijing Foreign Language Press (2015). Chinese Auspicious Culture. Asiapac Books Pte Ltd. ISBN 978-9812296429.