Жолтоклуна бурница

вид птица
Жолтоклуна бурница
Жолтоклуна бурница (одоздола)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Цевконосни
Семејство: Procellariidae
Род: Calonectris
Вид: Жолтоклуна бурница
Научен назив
Calonectris diomedea
(Scopoli, 1769)

Жолтоклуна бурница (Calonectris diomedea), попозната во Македонија како голем завој — прица од родот на морските птици - цевконосни.

Според списокот на „Авибазата“ на Denis Lepage, оваа птица ја има во Македонија, но нејзиното присуство не е посведочено.

Опис

уреди

Оваа птица се идентификува по неговата големина. Тој е долг од 45 до 56 cm и има распон на крилјата од 112 до 126 cm. Во горниот дел од телото е кафеаво-сив, a долните делови му се бели. Има жолтеникав клун. Ги нема кафеавите дамки на стомакот, темните ознаки на рамењата и црната капа како голема бурница. Овие птици летаат со долги замавнувања, секогаш со крилата наведнати и искосени наназад, и имаат прав крилест лет сличен на големата бурница.

Живеалиште и гнездење

уреди

Овој вид се пари на острови и карпи на Медитеранот, а поретко и на атлантскиот брег на Пиринејскиот Полуостров. Се гнезди на отворена земја или помеѓу карпите, а поретко и во дупка. Снесуваат едно бело јајце. Гнездото го посетуваат само ноќе, за да ја намалат опасноста од грабливите големи морски галеби.

Во доцното лето и есента повеќето птици се преселници, и одат во југозападните крајбрежја на Англија и Ирска. Се враќаат на Медитеранот во февруари. Најголемата колонија е сместена на Дивјачките Острови и Мадејра.

Поведение

уреди

Жолтоклуната бурница се храни со риби, мекотели и остатоци што се наоѓаат во морето, и може да се нурне длабоко до 15 метри, па и повеќе, во потрага по плен. Птиците често следат рибарски чамци и прават бука расправајќи се меѓу себе. Тие се птици што живеат во големи колонии, и може да се видат од брод во многу голем број. Фериботите на заливот Бискеј се особено добри за овој вид. Преку ден, на отворено море, тие се тивки птици, но ноќе, колониите кои се парат испуштаат бучни повици.

Систематизација

уреди

Постојат два подвида: средоземната (C. d. Diomedea) и атлантската (C. d. Borealis) бурница. Тие се слични во изгледот, иако Атлантскиот е малку поголем и има поцврст клун. Тие најдобро се разликуваат по ознаката под крилото. Тие се прилично различни, па затоа некои ги сметаат за различен вид (Heidrich et al. 1998). Од тие причини C.d. Diomedia е преименуван во Скополиева бурница. Англискиот назив на птицата „Кориева“ бурница потекнува од американскиот орнитолог Чарлс Б. Кори.

Бурниицата од Зелен ’Рт C. edwardsii се сметал за подвид на жолтоклуната бурница, но подоцна бил одвоен како посебен вид (Snow & Perrins 1998). Тој е ендемски вид на островите Зелен ’Рт. Целиот е црн, тенок стомак, има потемна глава и е повисок од жолтоклуниот. Тој има потипичен лет на буравесник, отколку жолтоклуниот, со поцврст замав и побрзо мафтање на крилјата.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Calonectris diomedea. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  • Bull, John L.; Farrand, John Jr.; Rayfield, Susan & National Audubon Society (1977): The Audubon Society field guide to North American birds, Eastern Region. Alfred A. Knopf, New York. ISBN 0-394-41405-5
  • Harrison, Peter (1983): Seabirds: An Identification Guide. Croom Helm, Beckenham. ISBN 0-7099-1207-2
  • Heidrich, Petra; Amengual, José F. & Wink, Michael (1998): Phylogenetic relationships in Mediterranean and North Atlantic shearwaters (Aves: Procellariidae) based on nucleotide sequences of mtDNA. Biochemical Systematics and Ecology 26(2): 145–170. doi:10.1016/S0305-1978(97)00085-9 PDF fulltext
  • Snow, David W.; Perrins, Christopher M. & Gillmor, Robert (1998): The Birds of the Western Palearctic. Oxford University Press. ISBN 0-19-850187-0

Надворешни врски

уреди