Жолта дамка
Жолта дамка (латински: macula lutea) — место на најголемата видна острина во мрежницата на ’рбетниците, вклучително и луѓето, со централна функција на видот.[1] Таа има јајчест облик, сместена спроти зеницата, малку над влезната точка на очниот нерв во окото; именувана по нејзината карактеристична жолта нијанса предизвикана од пигментите лутеин и зеаксантин содржани во клетките.[2] Во средниот дел на дамката, мрежницата станува многу тенка, образувајќи ја централната јама (лат. fovea); содржи само фоторецептори.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Interpretation of Stereo Ocular Angiography : Retinal and Choroidal Anatomy“. Project Orbis International. Архивирано од изворникот на 19 декември 2014. Посетено на 11 октомври 2014.
- ↑ „Сетило за вид“. Andriana Dimitrov. Посетено на 2023-10-15.
- ↑ „MACULA | Meaning & Definition for UK English“. Lexico.com. Архивирано од изворникот на 3 August 2020. Посетено на 2022-08-24.
Надворешни врски
уреди- MedlinePlus Encyclopedia 002252
- Жолта дамка на Ризницата ?