Жолта гулапка (латински Russula flavida) е член на големиот род Гулапка. Опишана во 1880 година од американскиот ботаничар и миколог Чарлс Кристофер Фрост и пронајдена во Северна Америка и делови од Азија.[2]

Жолта гулапка
Научна класификација [ у ]
Царство: Габи
Оддел: Столпчести габи
Класа: Агарикомицети
Ред: Гулапковидни
Семејство: Гулапки
Род: Гулапка
Вид: Жолта гулапка
Научен назив
Russula Жолта гулапка
Frost 1880
Синоними[1]

Russula mariae var. flavida (Frost) Singer 1940

Жолта гулапка
Научна класификација edit
Царство: Fungi
Колено: Basidiomycota
Класа Agaricomycetes
Ред: Russulales
Семејство: Russulaceae
Род: Russula
Вид:
R.flavida
Биномен назив
Russula flavida

Frost 1880
Синоними

Russula mariae var. flavida (Frost) Singer 1940

Опис

уреди

Има светло жолта до портокалова жолта шапка и бели ливчиња. Нејзинота сува шапка и стебло се светло жолти, а маргината на шапката е само слабо наредена, ако воопшто е наредена. Ниту помодреното стебло, ниту исеченото месо не добиваат сивкаста боја, а вкусот е благ. Повеќето други светло жолти видови Гулапка се разликуваат по една или повеќе од овие одлики.[3]

Шапката нараснува од 2 - 8 см најпрвин конвексна а со староста станува рамна или широко конвексна,често со централна вдлабнатина. Кожичката е сува, мазна, светложолта до портокалово жолта. Лесно се лупи од маргините до средината на шапката.

Ливчињата се прикачени до дршката, белата боја со староста станува кремаста или бледо жолтеникава.

Дршката достигнува должина од 3-8 см и дебелина од 1-2,5 см; мазна и сува или изразено кадифена; дршката е обоена како шапката во целина, но побледо кон врвот, нема модринки, дршката е цврста и полна месеста но со староста станува шуплива.

Месото е бело и не ја менува бојата кога се сече или крши. Мирисот не е карактеристичен има благ вкус.

Отпечатокот од спори: бела до кремаста или бледо жолта боја.

Големина на спорите од 5-7 x 5,5-8,5 микрометар имаат елипсовидна или речиси тркалезна форма.

Галерија

уреди

Расте во симбиоза со дабот (повремено може да се забележи и кај иглолисни дрва); расте сама, расфрлана или здружена, од лето до есен; прилично е широко распространета источно од Карпестите Планини, но очигледно е почеста на југоисток.

Жолта гулапка може да се јаде [4] и содржи пигмент русулафлавидин и поврзано соединение.[5]

Варијанта, R. flavida var. dhakurianus, била опишана во 2005 година од Кумаон во индиските Хималаи.[6]

Наводи

уреди
  1. „MycoBank: Russula flavida. Посетено на 2014-12-24.
  2. Das, K (2014). „Two new species of Russula (Russulales) from India“. Mycosphere. 5 (5): 612–622. doi:10.5943/mycosphere/5/5/2. ISSN 2077-7019.
  3. „Russula flavida (MushroomExpert.Com)“. www.mushroomexpert.com. Посетено на 2022-04-11.
  4. Phillips, Roger (2010) [2005]. Mushrooms and Other Fungi of North America. Buffalo, NY: Firefly Books. стр. 144. ISBN 978-1-55407-651-2.
  5. Fröde, Rita; Bröckelmann, Martin; Steffan, Bert; Steglich, Wolfgang; Marumoto, Ryuji (1995-02). „A novel type of triterpenoid quinone methide pigment from the toadstool Russula flavida (Agaricales)“. Tetrahedron (англиски). 51 (9): 2553–2560. doi:10.1016/0040-4020(95)00012-W. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  6. Das, Brijraj K. (1974-04-04). „Petrochemical study of pelitic schists and coexisting minerals of lower Kumaon Himalaya“. Neues Jahrbuch für Mineralogie - Monatshefte. 1973 (12): 547–563. doi:10.1127/njmm/1973/1974/547. ISSN 0028-3649.

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Bills1984“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Das2005“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Fröde1995“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Peck1880“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „urlRussulalesNews“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Надворешни врски

уреди

Жолта гулапкаIndex Fungorum (англиски) Russula flavida in MycoBank.