Жистен Жил
Жистен Жил (француски: Justin Jules; р. 20 септември 1986) — француски професионален друмски велосипедист, кој моментално настапува за професионалната континентална екипа Бингоал Пауелс Сосес ВБ.[1]
Жил на Трката Париз-Арас 2014 | |
Лични податоци | |
---|---|
Цело име | Жистен Жил |
Роден | 20 септември 1986 Сартрувил, Франција |
Висина | 1,67 м |
Маса | 64 кг |
Податоци за клубот | |
Мом. клуб | Бингоал Пауелс Сосес ВБ |
Дисциплина | друмски велосипедизам |
Улога | возач |
Вид на возач | спринтер |
Аматерски клубови | |
2006 2007 2008–2009 2010 | ВК Ле Миро КА Мант ОК Вал д’Оас Вандеја У-По де ла Лоар |
Професионални клубови | |
2011 2012 2013–2014 2015–2016 2017- | Ла Пом Марсеј Веранда Ридо-Супер У Ла Пом Марсеј Веранкласик-Екои ВБ-Веранкласик-Аква Протект |
Последна промена 14 мај 2019 |
Личен живот
уредиТој е син на Паскал Жил,[2] професионален велосипедист кој бил активен во 1980-тите – освојувајќи една етапна победа на Тур де Франс во 1984 година[3] – кој починал во сообраќајна несреќа кога Жистен имал само една година.
Во 2008 година, Жил бил казнет на три години затвор за убиство без умисла на неговиот очув во 2004 година.[4] Казната му била намалена поради сложените услови и проблемите на неговиот очув со алкохолот.[5][6]
Кариера
уредиЖил настапувал како професионалец од почетокот на сезоната 2011, откако екипата Ла Пом Марсеј на која се приклучил од екипата Вандеја У-По де ла Лоар, успешно станало континентална екипа. Жил ја остварил својата прва професионална победа на Трката околу Хајнан 2011, каде ја освоил првата етапа на трката,[7] и го имал водството на трката една седмица. По замената со екипата Веранда Ридо-Супер У во 2012 година, Жил се приклучил повторно на Ла Пом Марсеј за сезоната 2013. На неговата прва трка по повторното приклучување, Жил го освоил масовниот спринт на воведната трка во сезоната на Европската турнеја 2013, Гран При д’Увертир Ла Марсејез; успеал да се одржи пред возачот на Аг2р-Ла Мондијал, Самуел Димулен и возачот на Аргос-Шимано, Тома Дамизо, за победа.[5][8]
Достигнувања
уреди- 2009
- 5. Тур ди Гатине
- 2010
- 3. Краен пласман Сиркут де Плаке Вандене
- 1. Етапа 7
- 3. ГП Кристијан Фениу
- 4. Краен пласман Сен Брио Агло-Тур
- 2011
- 1. Етапа 1 Трка околу Хајнан
- 5. Тур ди Финистер
- 8. Гран при де ла вил де Ножан сир Оас
- 2012
- 5. Краен пласман Сиркут де Плаке Вандене
- 8. Тур ди Финистер
- 2013
- 1. Гран при д’Увертир Ла Марсејез
- 3. Рут Адели
- 5. Класик Лоар Атлантик
- 6. Класик Вал д’Ил
- 8. Краен пласман Тур ди О Вар
- 10. Трка Нанѓинг
- 2014
- 1. Етапа 5 Трка околу Азербејџан
- 5. Краен пласман Ронд де л’Оас
- 10. Класик Шатору
- 2015
- 2. Нокере Курсе
- 7. Омлоп ван хет Васланд
- 2015
- 1. Етапа 1 Трка околу Мароко
- 1. Етапа 1 Трка околу Тунис
- 2016
- 9. Гоиксе Пејл
- 2017
- 1. Етапа 1 Сиркут де ла Сарт
- 2. Тур де Вандеја
- 3. Краен пласман Тур де Норманди
- 1. Етапа 4
- 4. Париз-Бурж
- 6. Гран при де Фурмје
- 7. Краен пласман Тур Ла Прованс
- 1. Етапа 1
- 2018
- 3. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
- 1. Етапа 1
- 5. Курне-Брисел-Курне
- 6. Дрејвенкурс Оверејсе
- 7. Краен пласман Трка околу Норвешка
- 2019
- 2. Класик Волта Лимбург
- 5. Три дена Брухе-Де Пане
- 6. Гран при де Денен
- 7. Нокере Курсе
Наводи
уреди- ↑ „Pro Team 2019“. Валони Брисел. Cycling Team Wallonie-Bruxelles. Архивирано од изворникот на 12 јануари 2019. Посетено на 13 јануари 2019.
- ↑ „Jules s'offre un destin“ [Jules offers destiny]. L'Équipe (француски). Éditions Philippe Amaury. 27 јануари 2013. Посетено на 27 јануари 2013.
- ↑ Рот, Ден (7 јули 1984). „Jules wins Stage 8 of Tour de France“. The Palm Beach Post. Cox Enterprises. стр. D5. Посетено на 27 јануари 2013.[мртва врска]
- ↑ „Justin Jules condamné à trois ans de prison“ [Justin Jules sentenced to three years in prison]. Le Parisien (француски). Éditions Philippe Amaury. 11 јануари 2008. Посетено на 31 јануари 2013.
- ↑ 5,0 5,1 „Justin Jules fastest in first Euro sprint finish“. Cycling News. Future Publishing Limited. 27 јануари 2013. Посетено на 27 јануари 2013.
- ↑ Киворон, Франсоа (27 јануари 2013). „Jules, une histoire pas comme les autres“ [Jules, a story like no other]. Sports.fr (француски). Newsweb. Архивирано од изворникот на 2019-05-14. Посетено на 31 јануари 2013.
- ↑ „Jules captures Hainan opener“. Cycling News. Future Publishing Limited. 20 октомври 2011. Посетено на 27 јануари 2013.
- ↑ Аткинс, Бен (27 јануари 2013). „Justin Jules sprints to his biggest win to open the European season“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 27 јануари 2013.
Надворешни врски
уреди- Жистен Жил на Ризницата ?
- „Достигнувања на Жистен Жил“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Жистен Жил“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Жистен Жил“. ProCycling.