Жигански мост
мост во Македонија
Жигански мост — патен мост на регионалниот пат 2342, кој ја поминува Злетовска Река.
Жигански мост | |
---|---|
Поглед на мостот над Злетовска Река | |
Координати | 41°52′40″N 22°13′47″E / 41.877778° СГШ; 22.229722° ИГД |
Носи | |
Преминува | Злетовска Река |
Место | Жиганци |
Особености | |
Вкуп. должина | 51 м. |
Ширина | 5,9 м. |
Висина | 3,3 м. |
Носивост | 15 тони |
Историја | |
Почнат | 2013 |
Завршен | 2016 |
Трошок | 20.000.000 денари |
Сообраќај | |
Мостарина | нема |
Местоположба | |
Историја
уредиВо јуни 2013 година, Советот на Општина Чешиново-Облешево донел одлука да се изгради мост на Злетовска Река кај селото Жиганци, кога било најавено дека мостот ќе чини 10 милиони денари, средства добиени од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој.[1] Во 2016 година било известено дека мостот чинел 20 милиони денари.[2]
Градба
уредиИзградбата на мостот започнала во 2013 година и било предвидено да биде во должина од 30 метри, со височина од 3,3 метри и широчина од 4,5 метри.[1] Сепак, во 2016 година, било известено дека мостот бил долг 51 метар и широк 5,9 метри со носивост од 15 тони.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Ќе се гради мост на Злетовска река кај село Жиганци“. kanal5.com.mk. Посетено на 2025-01-03.
- ↑ 2,0 2,1 „Министерот Владо Мисајловски во посета на мостот кај с.Жиганци“. 2021-03-19. Посетено на 2025-01-03.
Надворешни врски
уреди- Жигански мост на Ризницата ?