Животот и невообичаените авантури на Иван Чонкин
„Животот и невообичаените доживувања на војникот Иван Чонкин“ (руски: Жизнь и необыча́йные приключе́ния солда́та Ива́на Чо́нкина) – филм на режисерот Јиржи Менцел од 1994 година, снимен според романот „Животот и невообичаените авантури на Иван Чонкин“ од Владимир Војнович. Главните улоги ги играат: Генади Назаров, Зоја Бурјак, Сергеј Гармаш и Владимир Иљин.[1] На 51. Меѓународен филмски фестивал во Венеција и го освоил златниот медал на претседателот на италијанскиот сенат.[2]
Синопсис
уредиВо 1941 година, пред почетокот на Втората светска војна, не толку интелигентниот војник Чонкин го оставаат да го чува воениот авион што бил принуден да слета во близината на едно село во Украина. Поправката на авионот се оддолжува, а како што минува времето, изгледа дека претпоставените го заборавиле Чонкин. Во селото, тој ја запознава девојката Њура...
Улоги
уреди- Генадиј Назаров - Иван Чонкин
- Зоја Бурјак - Ниура
- Владимир Иљин - Голубев
- Алексеј Жарков - Гладишев
- Валери Золотухин - Килин
- Зинови Гердт - Мојсеј Сталин
- Сергеј Гармаш - Милјага
- Марија Виноградова - баба Дунија
- Јуриј Дубровин - Волков
- Маријан Лабуда - Опаликов
- Александар Гарин - Свинцов
Надворешни врски
уреди- Menzel, Jirí (November 1995). „The art of laughter and survival“. Index on Censorship. 24 (6): 119–122. doi:10.1080/03064229508536003.
Наводи
уреди- ↑ Живот и прикљученија војника Ивана Чонкина (пристапено на 16.2.2023)
- ↑ Edoardo Pittalis, Roberto Pugliese, Bella di Notte, August 1996.